• Latest

ДКСК: Да се истражи случајот со директорката на Клиниката за педијатрија, ревизија на системот за полагање на АСЈО, антикорупциска проверка на Законот за води

January 28, 2022
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

ДКСК: Да се истражи случајот со директорката на Клиниката за педијатрија, ревизија на системот за полагање на АСЈО, антикорупциска проверка на Законот за води

January 28, 2022 12:20
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) бара од Лекарската комора на Република Северна Македонија да го истражи случајот со директорката на ЈЗУ Клиника за педијатрија Аспазија Софијанова која рекламирала суплементи на одреден производител на телевизија, пренесува информативната агенција МИА.

ДКСК која е ненадлежна да постапува по предметот, ќе ја достави пријавата до Лекарската комора и ќе бара да биде известена за тоа што е преземено по оваа пријава.

– При разгледување на предметните наоди цениме дека во постапувањето на наведеното службено лице треба да се земат предвид начелата утврдени во Законот за спречување на корупција и судир на интереси, особено начелото на интегритет од член 4, став 2 според кој службеното лице во извршувањето на јавните овластувања и должности е должен да ги почитува начелата на законите особено во конкретниов случај етичките норми и професионалните стандарди, рече Владимир Георгиев, член на ДКСК.

Образложувајќи го предметот, истакна дека во Кодексот за медицинската деонтологија по членот 87, став 1 се вели дека вршењето на пропаганда на разни санаториуми, институти , клиники, за фармацевтската индустрија, козметика или за одделни здравствени работници не е во согласност со професијата лекар и оти таквите стручни известувања може да се објавуваат само во строго стручни или тесно специјализирани гласила.

– Во ставот 3 се вели дека морално етички не е дозволено лекарот да ги става својата професија и професионалните контакти во функција на граѓанска афирмација и други активности. Во членот 18, став 4 од Кодексот за медицинската деонтологија се вели дека лекарот не смее исто така да се здобива со корист од награда или за пропагирање на фармацевтска, козметичка или други производи од овие области, појасни Георгиев.

Согласно ова, како што посочи, сметаат дека немаат надлежност да постапуваат, бидејќи не се работи за прекршување на членовите од Законот за корупција.

– Дефинитивно сметаме дека овој предмет треба да се достави на надлежно постапување на Лекарската комора на РСМ, имајќи предвид дека единствена надлежност е токму да се грижи и да го следи и надгледува спроведувањето на правилата на медицинската етика и деонтологија и да презема мерки во случај на нивно прершување, рече Георгиев.

Членот на ДКСК Софка Пејовска Дојчиновска дополни дека Лекарската комора покрај директни вакви предмети како дојава, треба да води грижа за севкупното однесување на лекарите во однос на оваа појава – рекламирање лекови, суплементи, храна за деца итн.

ДКСК предлага Државниот завод за ревизија да направи ИТ ревизија на системот за полагање испити на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО).

Оваа препорака произлегува по разгледување на пријава до ДКСК на денешната 60-та седница, за одредни сомневање за процесот на спроведувањето на приемниот испит за почетна обука на Академијата за судии и јавни обвинители. Како што појасни Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК, од документацијата на подносителот на пријавата, се гледа дека ги искористил правните средства и поднел приговор и Антикорупциска не може ништо конкретно за преземе за тој случај.

Директорката на ДКСК Билјана Ивановска, од друга страна, посочи дека ДЗР има механизми и може да направи ИТ ревизија на компјутерскиот систем на Академијата.

– Сега, тоа што се сака да се постигне се постигнува на пософистициран начин преку компјутерскиот систем и ако има шифри тие се поврзуваат и затоа можеби тоа како препорака да се побара од ДЗР да направи системска ИТ ревизија, изјави Ивановска.

Со оглед дека од Академијата треба да излезат луѓе кои ќе ја делат правдата, според Ивановска, има одредена тежина и затоа ДКСК може чисто само да укаже, а ДЗР кои и така прават вакви ревизии, потоа да си утврди согласно својата методологија за работа.

Горан Трпеновски, член на ДКСК, рече дека ова е добар предлог, потсетувајќи дека и претходно имало наводи за пронајдени шифри за полагање на Академијата, па затоа е добро таа дилема да се провери и расчисти, односно да се види дали системот функционира како што треба.

ДКСК, на денешната седница, меѓу другото разгледа и уште една пријава против судија при Основен граѓански суд Скопје и двајца судии при Аплеациониот суд исто во Скопје, за која оцени дека тие се ненадлежни, но дека пријавата треба да се достави на надлежно постапување до Судски совет на РСМ.

Нури Бајрами, член на ДКСК, појасни дека предметот е оформен по пријава поднесена од страна на познат подносител и се однесува на нестручно и несовесно вршење на судската функција.

– Подносителот дава детално образложение за своите наводи, во прилог констатира повреда на постапката. Врз основа на вака утврдената фактичка состојба нема елемнти за наше надлежно постапување и затоа предлагам оваа пријава да се отфрли за ненадлежност на ДКСК, но предметот, односно пријавата да се достави на надлежно постапување до Судски совет на РСМ согласно нивната надлежност. Се дава на надлежно постапување до Судски совет на РСМ, појасни Бајрами.

Согласно Законот за судови, нагласи Бајрами, ДКСК треба така да постапи, бидејќи тие се надлежни за работата на судиите.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) смета дека е неопходно да се направи антикорупциска проверка на два члена од Законот за води, со цел да се оценат корупциски ризици кои може да настанат од ефектот на загуба на вода.

Предлогот произлегува од разгледувањето на пријава на денешната 60-та седница на ДКСК, за која Антикорупциска не е надлежна со оглед дека сите надлежни органи постапиле, но пак е идентификувана правна празнина во Законот за води, кои пак оставаат корупциски ризици, и тоа во членовите 28 и 230 од Законот за води.

Шемши Салаи, член на ДКСК, појасни дека пријавата е од Државен инспекторат за животна средина и се однесува за незадоволство од донесена одлука од Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор, како и од донесената судска одлука на Основен кривичен суд Скопје по однос на изречени инспекциски мерки и поднесено барање за поведување прекршочна постапка против ЈП „Водовод и канализација“ Скопје и неговото одговорно лице заради измена на дозвола за користење на вода за водоснабдување од изворите Рашче и бунарско подрачје Нерези и Лепенец и неуплатени надоместоци за полевање тревни површини.

– ДКСК констатира дека во конкретниот случај се работи за управна постпка, по основ на извршен инспекциски надзор, изречена инспекциска мерка и поништено со мериторна одлука од надлежен второспетен орган и изречена прекршочна санкција, која со одлука на надлежен суд биле ослободени од одговорноста, јавното претпријатие и одговорното лице. Според тоа ДКСК нема основ за покренување каква  било постапка, појасни Салаи.

Ценејќи ја содржината, нагласи Салаи, на одлуката од надлежниот второстепен орган дека во член 28, став 2 од Законот за води не е пропишана дозвола за користење вода за полевање јавно градско зеленило, како и дека во таа смила со член 230 од истиот закон не е предвидено носење решение за управна санкциска постапка, ДКСК најде дека е неопходно да се врши антикорупциска проверка на легислативата на тие одредби од Законот, со цел да се оценат корупциски ризици кои евентуално би настанале од ефектот на загуба на вода во ваква идентификувана правна празнина

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ