Државната комисија за спречување на корупција денеска, со почеток во 12 часот, ќе одржи средба со граѓанските организации вклучени во борбата против корупцијата.
Средбата е со цел запознавање со новите надлежности, целите и идните чекори на ДКСК, во контекст на претседателски избори.
ДКСК имаше средба и со претставници од Државната изборна комисија на која се зборуваше за финансирањето на политичките партии за време на изборната кампања и услогласување на заедничките активности и мерки по оваа прашање.
Средбата со граѓанските организации ќе се одржи во Граѓанскиот ресурсен центар.
Б. Ј.