• Latest

ДКСК не може да утврди коруптивни елементи при јавните набавки во време на КОВИД поради системски слабости и вонредни услови

August 18, 2022

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ДКСК не може да утврди коруптивни елементи при јавните набавки во време на КОВИД поради системски слабости и вонредни услови

August 18, 2022 18:23
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Најголем дел од јавните набавки за стоки и услуги во време на КОВИД-пандемијата биле спроведени со преговарање без објавување оглас поради итност. Антикорупциската комисија која по сопствена иницијатива отвори предмет, денеска на седница одлучи да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат пред се на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација“ во целиот свет, пренесува МИА.

Катица Николовска, член на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), образложувајќи го предметот соопшти дека во нивната анализа избрале одредени јавни набавки на неколку институции – Владата на РСМ – Генерален секретаријат, Град Скопје, ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“, Институт за белодробни заболувања кај деца Козле, ЈЗУ Клиничка болница Штип, Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство, Општина Бутел, УКИМ – Медицински факултет.

Од нив побарале и добиле документација за набавките, а од Државниот завод за ревизија побарале ревидирање на постапките за да се утврди незаконитост при спроведувањето и ДЗР го објавил извештајот на неговата веб-страница.

Извештајот нотира бројни слабости при реализација на договорите за набавките и не е обезбедена задоволителна транспарентност, посочи Николовска. Поради итност на набавките не е вршено квалитетно планирање на набавките и покани за преговарање се доставени до помал број економски оператори и без анализа на количините на средства и опрема што се потребни. Дел од тендерските документации не им обезбедувале на економските оператори целосни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапките и не е обезбедена конкурентност за економските оператори.

При анализата ДКСК предвид ги имала и полугодишните извештаи од мониторингот на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации кои, како што рече Николовска, постојано укажуваат на огромни разлики во цените за набавка на ист производ.

Проценетите вредности на набавките и натаму се многу високи од цените добиени на тендерите што може да упатува на ризик од намерно оставање простор за склучување договори по висока вредност за да има доволно место за коруптивни елементи. При набавка на реагенси, посебно во здравството, постои долгорочна зависност од фирмата чиј апарат за тестови го користи институцијата, што, пак, содржи ризик од плаќање високи цени за реагенси и можности од корупција. Овие наоди и состојби  тешко дека можат да се поврзат со коруптивно постапување  или да се квалификуваат како злоупотреба на службена должност туку упатуваат на системски слабости во законите, но и на неспособност на државните органи, пред се на Владата и Министерството за здравство, да воспостават систем на ефикасни јавни набавки за време на посебни услови, истакна Николовска.

Посочи на вонредните услови во кои се правеле набавките и пречките со кои се соочувале економските оператори – зависност од увоз поради немање сопствено производство, обезбедување на транспортот врз кој влијаело и затворените граници итн.

Во една таква хаотична ситуација која владееше не само во Македонија, туку во целиот свет, кога  побарувачката за овие стоки беше изместена од нормала на светско ниво, сметам дека е прилично големо постигнување да се обезбедат потребните средства, па дури и во поголеми количини за да се спасат човечки животи, рече Николовска.

Постојниот закон за јавни набавки, посочи таа, предвидува спроведување централизирани јавни набавки преку одредено тело – механизам кој не бил искористен во услови на вонредна состојба. Не е искористена можноста Министерството за здравство да биде тело за централизирани набавки или да изготвува единствени технички спецификации со утврдени норми за квалитет за заштитни маски, мантили, скафандери, визири, ракавици, каљачи, средства за хигиена за сигурност на персоналот, спецификации што ќе се користат од сите јавни здравствени установи.

Се увидоа слабостите во Законот за јавни набавки и нужно се наметна потребата од дополнување и измени, но и одредби кои ќе ги дефинираат постапувањата на органите во време на вакви големи ситуации. Од сето ова произлегува дека во анализираните постапки ДКСК не можеше да потврди дека постојат коруптивни активности, иако е возможно, зашто секогаш постои воено профитерство, но битно е што треба да направиме во иднина за да не ни се случи истото, рече Николовска во заклучокот да се запре постапката за јавните набавки во време на КОВИД-пандемијата.

Според ДКСК, треба да се воведе база на референтни цени и така да се надмине шареноликоста на цените за ист производ што го набавуваат различни институции.

На седницата на Антикорупциската беше укажано и на проблемот од тоа што голем број договорни органи ангажираат надворешни фирми (правни лица) за спроведување на јавните набавки наместо за тоа да бидат задолжени лица од вработените.

Ова е голем простор за корупција бидејќи немаме увид кои фирми се ангажирани, на кој начин се поврзани со договорните органи, рече Николовска.

Проблем и натаму се јавните набавки на добра кои не може да се класифицираат како неопходни во услови на КОВИД, а и во сегашната економска криза. Тука беа посочени набавките на возила во рангот на луксузни.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска соопшти дека се набавени 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, рече, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на КОВИД.

Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила, рече Ивановска.

Меѓу предметите за кои денеска расправаше ДКСК беше и анонимна пријава против директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за злоупотреба на средства и ресурси при организација и посета на настан во јануари во Бугарија за заедничката седница на  владите на Северна Македонија и Бугарија.

На предлог на Владимир Георгиев, член и потпретседател на ДКСК, беше заклучено пријавата заедно со наводите и документите што ги прибрала ДКСК при постапувањето да се  проследат до вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска зашто, како што рече, има елементи што упатуваат на повреда на Кодексот за етичко однесување на членови на Владата.

СОЗР во соработка со МНР била задолжена за координација на превоз на новинари и сместување за наведениот настан. Според пријавата, вработени во СОЗР за хотелско сместување биле пријавени како новинари. Во пријавата против директорот на СОЗР имало и други наводи за можни злоупотреби за други патувања во странство и користење службени возила за приватни цели.

Во однос на предметот од непознат пријавувач дека судијата и претседател на Управниот суд Бурим Сејдини ја злоупотребил службена положба со изборот на Муамед Сејдини за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Антикорупциската утврди дека нема елементи на  непотизам помеѓу двете лица и ја запре постапката. Имено, тие се трети братучеди што е шести степен роднини по крв од странична линија и не е повреден член од законот за спречување корупција и судир на интереси кој опфаќа лица во брачна заедница и роднини по крв од странична линија  до четврти степен.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ