• Latest
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

ДКСК отвори тренинг центар за јакнење на свеста и знаењето во борба против корупцијата

August 22, 2022

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

ДКСК отвори тренинг центар за јакнење на свеста и знаењето во борба против корупцијата

August 22, 2022 19:49
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска беше отворен тренинг центар поддржан од Проектот за граѓанско учество на УСАИД.

Потребата за реализација на надлежноста на ДКСК за преземање активности за едукација на органите надлежни за откривање и гонење на корупција и други видови криминал, како што се наведува во соопштението од Државната комисија, беше препознаена од Агенција за меѓународен развој на САД (УСАИД), во рамки на Проектот за граѓанско учество, која обезбеди поддршка за воспоставување на Тренинг центар во рамките на ДКСК.

Тренинг центарот ќе обезбеди јакнење на свеста и знаењето во борбата против корупцијата за вработените од институциите на централната и локалната власт, вклучително и пошироката јавност. Преку поддршката, за непречено функционирање на овој Тренинг центар е развиена наставна програма за обуки за борбата против корупцијата, судир на интереси и интегритетот, како и програма за обуки за обучувачи за тимот на ДКСК, што ќе обезбеди одржливост во работењето на центарот. Дополнително, во моментот се работи на развивање на софтверска алатка преку која ќе се олесни пристапот кон едукативни содржини, се наведува во соопштението.

-Корупцијата е општествено зло за кое границите помеѓу државите не постојат и многу брзо се шири низ светот онаму каде што ќе најде поволно тло. Затоа, неопходна е заедничка борба и меѓусебна поддршка, а едукативниот процес е погодна алатка од превентивен карактер, која во рамките на ДКСК може амбициозно да се развива. Борбата против корупцијата почнува со подигнување на свеста и носење на индивидуална одлука за преземање на акција, истакна Билјана Ивановска, претседател на ДКСК.

На настанот се обрати и Дон Кармин, директорка на Канцеларијата за општ развој на УСАИД.

-Како што Северна Македонија се приближува до целта на членство во ЕУ, знаеме дека значаен напредок може да се постигне само со посветени и проактивни институции и граѓани, кои работат на заштита на демократијата. Комисијата е незаменлива во овој напор како и за унапредување на сложените реформи кои земјата треба да ги спроведе за цврсто вкоренување на евроатлантската иднина, рече Кармин.

Постоењето на тренинг центар во рамките на ДКСК е потребно од повеќе аспекти – за поттикнување на градење капацитети за борба против корупцијата, за едукација за подобро разбирање на корупцијата, како и нејзините облици, ефекти и начини за борба против неа.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ