• Latest

ДКСК: Податоците за транспарентноста на политичките партии се поразителни

February 8, 2022

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

ДКСК: Податоците за транспарентноста на политичките партии се поразителни

February 8, 2022 13:33
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Податоците за транспарентноста на политичките партии се поразителни. Податоците за примени донации и годишни извештаи политичките партии имаат законска обврска да ги објават на своите веб страници, но од вкупно 31 политичка партија кои имаат интернет страница, седум ги имаат во целост објавено, три партии делумно ги објавиле, а 18 немаат објавено никакви извештаи. На три интернет страниците не им се активни. Ова го покажува посебниот Извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања Локални избори 2021 на Државната комисија за спречување на корупцијата, пренесува МИА.

ДКСК на денешната 61 седница го разгледа и усвои Извештајот за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања Локални избори 2021 и утре ќе го достави до Собранието, а потоа ќе биде и објавен на веб страницата на Антикорупција.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека согласно законската обврска тие ги следеле сите случувања и неправилности во текот на изборниот процес, од денот на распишување на изборите до изборот на градоначалници.

– Извештајот изобилува со разновидни анализи кои се надевам ќе помогнат во изнаоѓање јасни и недвосмислени законски одредби кои нема да остават простор за однесување без интегритет, изјави Ивановска.

ДКСК преку електронски пристап до трансакциските сметки во изминатите две години на дневна основа ги следи сите приходи и трансфери на средства на политичките партии.

Согласно оваа анализа од Буџетот на државата во 2020 година за 59 партии се одобрени средства за редовно работење, а исплатени се кон 49 партии во износ од 3,247 милиони евра, додека за 2021 година за 57 партии се одобрени средства, а исплатени се на 45 во износ од 2,34 милиони евра.

Катица Николовска, член на ДКСК, посочи дека податоците за транспарентноста на финансирањето на политичките партии се поразителни.

–  Овие состојби укажуваат дека политичките партии на секои избори се борат да добијат поголем број претставници било во Парламент или општински совети со цел доминација во креирање политики и носење закони и одлуки, но први не ги почитуваат обврските кои сами ги носат. Ова говори за големата нетранспаретност на политичките партии кон јавноста за своето работење. На овој начин на јавноста и е скратена можноста за навремено информирање со колку средства располагаат и од каде ги обезбедуваат средствата за своето работење и што е најважно за што ги трошат овие средства, изјави Николовска.

Според Извештајот на ДКСК, парламентарните партии на овие избори, обезбедиле финансирање на изборната кампања од буџетот наменет за редовно работење и од реклами. Донации од правни и физички лица се доминантни за финансирање на независните кандидати и партиите кои немаат средства од буџетот.

Од анализата на донациите, ДКСК констатирала дека кај еден независен кандидати 11 невработени лица уплатиле вкупно околу 630 илјади денари. За 54 уплати во износ од 1,34 милиони денари не постојат податоци за лицата кои ги уплатиле, додека 48 донатори уплатиле 4,2 милиони денари во поединечни износи, а за кои постои сомневање дека немаат толку големи месечни приходи. За една коалиција 18 донатори уплатиле 1,68 милиони денари, а за кои постои сомневање дека немаат толку големи месечни примања и четири невработени лица уплатиле 400 илјади денари.

–  За овие констатирани околности ДКСК презеде дополнителни активности во однос на проверка на кредибилитетот на донаторот и до Управата за финансиско разузнавање достави барање за нивно надлежно постапување. Управата не информираше дека според нивните истражувања дел од наводите се потврдени, а дел се уште се проверуваат и по целосна проверка, податоците ќе бидат доставени до ОЈО за понатамошно постапување, информира Николовска.

Согласно извештајот на ДКСК, за потребите на политичките партии во 2021 година се исплатени некаде околу 8,5 милиони евра од кои околу 5,237 милиони евра како средства за платено политичко рекламирање кои се обезбедуваат од буџетот на државата и околу 3,247 милиони евра како средствата за нивно тековно работење.

Најголем дел до расходите се за рекламирање – преку билборди, како и други форми – транспаретни и плакати на јавни простори, но и на простори и објетки за кои не е дозволено.

Од анализата на ДКСК се воочува дека ДУИ има пријавено ненаплатени трошоци од  4 милиони денари, Интегра има ненаплатени 457 илјади денари, а независната кандидатка Данела Арсовска за Фејсбук реклами потрошила 210 илјади денари од сопствени средства кои не се пријавени.

Од ДКСК посочуваат дека иако за реклами на Фејсбук има значитени исплати на средства од сите политички партии, сепак со Изборниот закон не се регулира овој начин за рекламирање.

Извештајот на ДКСК, покажува дека од 142 учесници кои пријавиле посебни трансакцисики сметки за овие избори, 67 не оствариле никакви приходи.

До ДКСК во текот на овие избори биле доставени 210 барања за добивање мислења, најчесто за вработувања, јавни набавки, отуѓување на имот и слично. По овие барања ДКСК не дала ниту едно мислење по овие барања.

Отворени се и 54 предмети, од кои три се од приговори, шест по сопствена иницијатива и останатите се од пријавувачи. По нив, ДКСК има донесено две одлуки со кои се одбиваат поради слабости, а кои се однесуваат на слабости во дефинирањето на платеното политичко рекламирања, а третиот одговор е одбиен бидејќи не се констатирани повреди од Изборниот законик. ДКСК отворила и шест предмети по написи во медиуми.

–  Од работата по наведените предмети само потврди дека не е регулиран начинот на распределба на рекламирање преку радиодифузери и билборди и е коруптивен ризик за уцени меѓу политичките партнери за меѓусебни отстапки, ветувања на поволности, поделба на функции и слично и го започнува кругот на политичка корупција, изјави Николовска.

Констатирани се и активности кои не се забранети со закон, но кои ДКСК смета дека не се во духот на добро владеење – не се започнува капитална инвестиција, но се промовира тендер за јавна набавка, не е забрането започнување изградба на улици доколку се предвидени средства во буџетот за тоа, но дискутабилно е што тоа се прави со почеток на кампањата или пак исплати на додатоци и склучувања на договори за после избори.

Во извештајот на ДКСК, исто така, се констатира дека во изминатите десет години направени се 32 интервенции на постоечкиот Изборен законик, од кои 14 се за спроведување на рекламирањето на партиите, а интересно е тоа што за носењето на ниту една измена не била организирана јавна расправа.

И оваа изборна година беа извршени измени во Изборниот законик непосредно пред самите избори, соопшти на денешната седница Катица Николовска, членка на ДКСК

-Поаѓајќи од многу честа промена на Изборниот законик која се случува непосредно пред започнување на изборниот процес, не поттикна да истражиме што е тоа и што се менува во Изборниот законик, посочи Николовска.

Таа констатираше дека од кога е донесен основниот текст на овој Изборен законик што е во сила од 2006 година, вкупно 32 пати се констатирани интервенции, од кои 22 измени се измени и дополнувања на законот, четири измени се врз основа на одлуки на Уставен суд со кој што се укинуваат одредени  одредби, два пати измените се однесуваат на пролонгирање на рокови за одржување на избори, и четири пати се извршени само технички корекции од одредени членови.

Како што рече, најголем број промени претрпеле одредбите од спроведувањето на изборната кампања. -Дури 14 пати тоа се однесува на ракламирање, финансирање и известување, што од една страна создава несигурност и неизвесност во постапувањето на засегнатите страни на изборниот процес, а во јавноста се јавува сомнеж дека политички партии и спротиставените политички идеологии секогаш имаат ист став и заеднички интерес кога постои можност измените да овозможат доволни извори на финансирање на изборната кампања, подобра позиција и позитивен исход од изборите, додаде Николовска.

Во однос на времето кога се направени измените и датумот на одржување на изборите, членовите на ДКСК констатирале дека во последните десет години измените се вршат многу кратко време, непосредно пред донесување на решенето за распишување на изборите, а за овие последни локални избори измените беа направени 41 ден по донесување на решението за распишување на изборите од страна на претседателот на Собранието.

Ова, како што додаде Николовска, е сосема спротивно на препораките од ОБСЕ и ОДИХР, кои континуирано испраќаат порака измените во Изборниот законик да се направат најмалку шест месеци пред почетокот на изборите.

Исто така, за сите овие измени во изминативе десет години ниту еднаш не е одржана јавна расправа по однос на понудените решенија.

ДКСК на денешната седница го усвои овој извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања Локални избори 2021, и истиот утре ќе биде доставен до Собранието.

Препорака на ДКСК е кога ќе се презентира извештајот, работните тела во Собранието да се замислат на сериозните констатации од оваа анализа за перманентното менување и дополнување на Изборниот законик.

-Секојдневно сме бомбардирани со информациите дека повторно Изборниот законик се менува, независно за што се зборува. Болеста наша е постојано да ги менуваме законите, да ги донесеме брзо а уште побрзо да влегуваме во измени, а потоа се отвора поле за политичка корупција од која што зависи и се понатаму во системот. Ова е добра прилика да размислат политичките партии во државата дали е ова добар момент за целосно ревидирање на законот, но не заради парцијални измени, додаде Николовска.

Таа порача целиот закон да се стави на маса и да се направи решение што ќе овозможи барем неколку изборни циклуси да не се воведуваат нови измени

ДКСК претходно на денешната седница, го избра Нури Бајрами за нов заменик претседател со мандат од шест месеци.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ