„Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик“, соопштија од ДКСК.
Надлежните институции имаат рок од 60 дена да постапат по оваа иницијатива, а од ДКСК потсетуваат дека отворениот предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, практично го потврдиле и Управниот и Вишиот Управен суд, со отфрлање на жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители.