• Latest
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

ДКСК со Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на Рашковски и Зеќири за злоупотреба на службена положба

June 1, 2022
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

ДКСК со Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на Рашковски и Зеќири за злоупотреба на службена положба

June 1, 2022 13:53
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука да поднесе Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење до Основното јавно обвинителство Скопје, против  Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, и против Мухамед Зеќири, поранешен генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, кои за време на извршување на нивната службена должност сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Повод, односно законска основа за оформување на предметот од ДКСК е информација која во текот на април 2021 година беше објавена од страна на неколку медиуми – дека Владата на Република Северна Македонија за потребите на Генералниот секретаријат – заради извршување на специфични ангажмани, врз основа на авторски договори ангажирала поголем број на физички лица надвор од редот на вработените, при што биле исплаќани хонорари кои за само еден месец изнесувале над 37.000 евра, односно над милион евра за 2019 и 2020 година. Според наводите изнесени во медиумите, дел од ангажманите подразбирале советување, изработка на физибилити студии, пишување студии и соопштенија.

„ДКСК стекна сознанија дека во периодот од 2017 до 2021 година од Генералниот секретаријат на Владата до Министерството за финансии биле испратени повеќе од[1] 40 барања за обезбедување на согласност за обезбедени финансиски средства за конкретниот период, за ангажирање на лица врз основа на авторски договор. Според ДКСК, впечатливо е дека на ист датум како и на приближни датуми во рамки на една година биле испраќани по неколку барања за согласност за обезбедени средства за ангажман на различен број на лица содржан во барањата.

ДКСК стекна сознанија дека конечно, пред склучување на договор, Генералниот секретаријат писмено се обраќал до авторската агенција, од која барал склучување на авторски договор со конкретни лица чии лични податоци (име и презиме, матичен број, адреса на живеење, трансакциска сметка) се содржани во барањето, во кое се наведени задачите што лицето ќе ги извршува, месечниот надомест и периодот на ангажман. ДКСК стекна сознанија дека во периодот од 2017 до 2021 година од Генералниот секретаријат до агенцијата „Артпицк“ ДООЕЛ се испратени повеќе од 170 барања за изработка и склучување авторски договори со конкретни лица“, велат од ДКСК.

Според сознанијата на ДКСК по утврдување на фактичката состојба, може да се констатира дека со опишаниот начин на ангажирање на физички лица, заобиколена е примената на релевантните одредби од Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници со кои опфатени општите начела (начело на еднакви услови, еднаков пристап до работно место, соодветна и правична застапеност, начелото на стручност и компетентност), како и начинот на планирање на вработените и начинот на спроведување на постапките за вработување.

„ДКСК смета дека вака спроведените постапки наметнуваат ризик од влијание врз ангажираните лица, не само лично, туку и на различни аспекти од работата која истите ја извршувале. Дополнително, истите ги доведуваат во предност ангажираните лицата во постапките за вработување кои се спроведуваат согласно релевантните законски одредби – идентификувани се 28 вработени лица за кои ДКСК стекна сознанија дека претходно биле ангажирани врз основа на авторски договор.

ДКСК смета дека ваквата динамика на активностите упатува на постоење на изразени недостатоци во планирањето на човечките ресурси во рамки на Генералниот секретаријат.

Дополнително, се остава простор за нерационално користење на буџетски средства при ангажирање на лица во рамки на Секретаријатот.

Според мислењето на ДКСК, степенот на влијание на вака спроведените постапки е сериозен во општествени размери, особено доколку се земе предвид на големо воспоставената пракса на склучување на договори за услуги од авторски агенции. Врз основа на јавно достапни податоци, ДКСК утврди дека во периодот од 2018, заклучно со 2022 година, државни институции/органи на државната управа и на ЕЛС како и јавни претпријатија склучиле договори во вкупна вредност од 300,203,768 денари само со една агенција за интелектуална сопственост“, се вели во соопштението на ДКСК.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ