• Latest

ДКСК со насоки за ограничување на транспарентноста – се отвораат врати за корупцијата, реагираат од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата

April 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

ДКСК со насоки за ограничување на транспарентноста – се отвораат врати за корупцијата, реагираат од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата

April 17, 2025 11:45
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) со насоки за ограничување на транспарентноста – се отвораат врати за корупцијата! Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира на препораките на ДКСК дадени во Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), презентирани на јавна седница на ДКСК, а пренесени преку медиумите, во рамки на антикорупциската проверка на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Наместо да придонесе за поголема транспарентност, отчетност и борба против корупцијата, ДКСК, преку своите наводни укажувања за „регулаторни ризици“, испраќа сериозно загрижувачки сигнали за затворање на институциите и креира можности за ограничување на правото на јавноста да знае. Ваквите препораки не само што ја поткопуваат улогата на ДКСК како клучна институција за спречување на корупцијата, туку и директно отвораат простор за нови коруптивни злоупотреби, особено во сферата на јавните набавки.

1. Намалена транспарентност – зголемени ризици од коруптивни и штетни јавни набавки

Прво, ДКСК препорачува да се „преиспита членот што ја регулира обврската за објавување на целокупната документација за јавните набавки. ДКСК смета дека поимот „целокупна документација“ во однос на јавните набавки не е прецизно дефиниран поради што може да се случи да се објават доверливи информации и повреда на правата на трети лица.“

Платформата укажува дека примената на одредбата од Законот за слободен пристап за пристап до целокупната документација за јавните набавки, концесиите и за договорите за јавно-приватно партнерство (член 10 став 1 алинеја 18) до сега во примената овозможувала зголемена транспарентност и пристап до релевантни документи од страна на граѓанските организации и медиуми. На овој начин беа обелоденети сторени злоупотреби во голем број на тендерски постапки за кои се водат судски постапки, но и се спречени можни коруптивни и штетни јавни набавки.

Исто така, ДКСК требала да земе предвид дека заштитата на доверливите податоци во јавните набавки веќе е регулирана во Законот за јавни набавки (член 30). Исто така, и укажуваме на ДКСК дека во Законот за слободен пристап уреден е делумниот пристап, како и предвидени се исклучоци во случаи кога е потребна заштита на информации со степен на тајност. Ја потсетуваме ДКСК и јавноста дека во јануари 20205г. веќе беше направено уназадување на заштитата од корупција во јавните набавки со измените на Законот за јавните набавки на тој начин што беше укината управната контрола на јавните набавки што ја спроведуваше Бирото за јавни набавки. Во услови кога според оценките на сите релевантни меѓународни и домашни чинители корупцијата во јавните набавки е широко распространета и при историски највисок државен буџет, нови задолжувања и секојдневни индиции за злоупотреба на јавните пари, ДКСК дава препораки за ограничување на транспарентноста со што ја поткопува улогата на клучна институција за спречување на корупцијата.

2. Препораки со долгорочни негативни последици кои влијаат на независноста

ДКСК дава насоки за пропишување и допрецизирање на постапка, како и утврдување на рок за Собранието на РСМ во случаите кога констатира престанок на функцијата и разрешувањето на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и неговиот заменик, пред истекот на мандатот.

За Платформата оваа препорака е политички мотивирана затоа што е дадена непосредно по обид на пратеници во Собранието на РСМ да се усвојат измени на Законот за слободен пристап во кои беше предвидено предвремено разрешување на Директорот на Агенцијата во случај кога парламентарното мнозинство нема да го усвои годишниот извештај за работа. И укажуваме на ДКСК дека независните регулаторни тела, како што е Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап, па и самата ДКСК имаат мандат подолг од мандатот на избраните функционери во извршната власт, со цел да бидат партиски и политички независни. За дадената препорака веќе е регулирано во Законот за слободен пристап дека во случај на престанок на функцијата или разрешување на директорот на Агенцијата, до изборот на нов директор на Агенцијата, функцијата на директор на Агенцијата, ја врши заменикот на директорот, со сите овластувања кои ги имал директорот. Така што не може единствен аргумент за оваа препорака на ДКСК да биде „евентуално одолговлекување, селективност и неизвесност во управувањето со институцијата“.

3. Препроаки за воведување критериуми со кои ќе се намали постојната транспарентност

ДКСК се осврнува на обврската на имателите на информации редовно да ажурираат листа на информации со кои располагаат и јавно да ја објавуваат. ДКСК смета дека оваа одредба „нема прецизни критериуми за тоа кои информации треба задолжително да бидат објавени, ниту на кој начин и во кој формат, што остава широк дискрециски простор на имателите на информации да одлучуваат што ќе објават и како. ДКСК смета дека тоа е „ризик од ограничена транспарентност со можност за селективно објавување или прикривање на информации од јавен интерес““.

Платформата е загрижена што ДКСК нашла ризик од ограничена транспарентност во услови кога во Законот за слободен пристап е утврдена формата за објавување на информациите и документите и тоа: (а) се објавува информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности и (б) се обезбедува пристап до документ без оглед на неговата физичка форма или карактеристики, пишан или печатен текст, карти, шеми, фотографии, слики, цртежи, скици, работни материјали, како и звучни, гласовни, магнетски или електронски, оптички или видео снимки во која било форма, како и пренослива опрема за автоматска обработка на податоци со вградени или преносливи мемории за складирање на податоците во дигитална форма (член 3).

Дополнително, загрижува непознавањето на проблематиката од страна на ДКСК кога вели дека „нема прецизни критериуми за тоа кои информации треба задолжително да бидат објавени“. Законот за слободен пристап уредил дека сите информации кои ги создаваат и со кои располагаат институциите, освен исклучоците (член 6) се информации од јавен карактер. Дури има предвидено и институт на „активна транспарентност“, а тоа значи утврдени се  информации кои задолжително треба да објавени без да бидат побарани. Какви критериуми препорачува ДКСК е нејасно, а уште повеќе загрижува што зборуваат за формат не земајќи го предвид најавениот почеток на процесот за подготовка на Законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор.

4. Задоцнети препораки во тек на активен процес за измени на Законот

ДКСК за прекршочните одредби утврдила постоење несразмера одговорност. Предвидени се само 500 евра глоба за раководното лице ако не назначи службено лице за посредување со информации и не обезбеди информирање на јавноста за тоа лице, но предвидени се и 250 евра казна за службеното лице за повеќе прекршоци  – ажурирање на листата на информации, помагање на барателите, почитување рокови за одговор на барањата. ДКСК препорачала јасно да се разграничи и прекршочната одговорност меѓу раководното и службеното лице за информации во Агенцијата, согласно нивните реални надлежности.

За Платформата индикативно е што ДКСК посочува на наводни „регулаторни ризици“ во Законот за слободен пристап, за кој е најавен почеток за изменување на Законот пред 5 месеци, односно на 21 ноември 2024г., а во моментот се одвиваат јавни консултации преку ЕНЕР за предложените измени. ДКСК посочила на несразмерност во одговорноста на одговорните и службените лица, но отсуствуваат предлози што конкретно препорачува. Укажуваме дека граѓанското општество со години наназад се залага за постоење одредби за прекршочна одговорност на одговорните лица   кои неосновано не овозможат пристап до информацииите или го попречуваат службеното лице да го спроведе второстепеното решени за обезбедување пристап до информациите.

Оттука, Платформата смета дека предлог решенија кои може да влијаат негативно врз борбата против корупцијата, се неприфатливи и спротивни на европските заложби за демократско, инклузивно и стручно креирање на јавните политики.

Дополнително, Платформата е загрижена што при проверката на Законот за слободен пристап од страна на ДКСК отсуствуваат клучните аспекти на антикорупциската проверка, како што е вклучувањето на повеќе актери, односно при подготовка на Извештајот немаат обезбедено соработка со граѓанското општество што би обезбедило независност и објективност при анализата.

Потсетуваме дека антикорупциската проверка на (предлог) законите превентивен механизам со цел детектирање, спречување и минимизирање на ризиците во однос на можноста за корупција и судир на интереси кои може да резултираат при спроведување на законите. Со вакви насоки, ДКСК не само што не го унапредува системот за спречување на корупција, туку ризикува да даде легитимитет за политики и практики што водат кон заробување на институциите и недостапност на информациите од јавен интерес, кои во моментов се информации од јавен карактер.

Ги повикуваме надлежните институции, особено Министерството за правда и Собранието, да ги земат предвид постојните законски механизми и да не подлегнуваат на насоки што ја ограничуваат транспарентноста, која е клучна алатка во борбата против корупцијата, додаваат од Платформа на граѓански организации за борба против корупција.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ