• Latest

Ден на македонската полиција

May 7, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ден на македонската полиција

May 7, 2018 07:56
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Показни вежби со учество на над 600 припадниците на полицијата во Скопје, Охрид и Штип, награди за најдобрите, спомнување и почит за загинатите, ветувања за повисоки плати и реформи, меѓусебни обвинувања меѓу  опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владејачката СДСМ  за односот кон полициските припадници во минатогодишните насилства во Собранието и во кумановско „Диво насеље“…

Сето ова го проследи овогодишното одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај,  во рамки на кое денеска ресорниот министер Оливер Спасовски ќе прими претставници на семејствата на загинатите припадници на македонската полиција и ќе биде положено цвеќе на спомениците на паднатите бранители.

Министерот Спасовски вчера на централната свеченост во Штип рече дека преку реформските процеси МВР ја враќа довербата кај граѓаните, а најави и дека од 1 декември годинава 4.900 полицајци ќе добијат покачување на платата.

Зборувајќи за минатогодишните насилства во Собранието, Спасовски кажа дека извршителите и креаторите не смеат да останат неказнети, а како што рече, особено оние кои ја злоупотребија полицијата и се обидоа да ја свртат против својот народ.

За премиерот Зоран Заев, пак, нова цел е полициските и безбедносните служби да ги достигнат западноевропските професионални служби.

– После сите премрежија и предизвици со кои се соочија службите во Министерството за внатрешни работи (МВР), успеавме да ја вратиме основната функција на оваа служба да биде најцврстиот столб кој ја гарантира државноста, јадро на сигурноста и безбедноста на Република Македонија и во исто време полиција, пријател и заштитник на граѓаните,  рече Заев.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение обвини дека СДСМ и Владата го девалвираат работењето на полицијата.

– СДСМ ги омаловажуваше полициските службеници, а нивните акции беа исмевани и нивните жртви беа сведувани врз база на детска игра. Ова е вистинскиот однос на СДСМ кон полицијата и нивната улога во обезбедување на безбедноста и сигурноста на граѓаните, оценија од ВМРО-ДПМНЕ.

Во одговор на таквите обвинувања, СДСМ, наведе дека ВМРО-ДПМНЕ е во очај и оти полицијата е пријател и заштитник на граѓаните

– ВМРО-ДПМНЕ 11 години на најбрутален начин ја злоупотребуваше и партизираше полицијата, Министерството за внатрешни работи го претвори во МВРО-ВМРО, а денес како опозиција очајно се обидува да манипулира и си поигрува со чувствителни прашања, сметаат од СДСМ. (МИА)

Tags: ден на македонската полицијаодбележување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ