Пратеникот Весел Мемеди од НДП, кој пред два денаофицијално поднесе оставка од потпретседателската функција и од пратеничкиот мандат, до 9 мај може да размисли за одлуката и истата да ја промени. На брифинг со новинари, претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека депонираната оставка на пратеникот на НДП ќе се разгледа на следната прва седница, а таа ќе биде на 9 јули.
Џафери објасни дека на денешната седница за пратенички прашања не можела да се разгледа оставката бидејќи истата била закажана многу одамна, пред оставката на Мемеди.
До 9 јули, првиот парламентарец рече дека Мемеди има право да се пишмани, да ја повлече оставката и да ја продолжи пратеничката функција.
А. Зеќири











			
