• Latest

До ноември може многу да се направи, потребна е вистинска, а не декларативна поддршка за ЕУ, вели премиерот

January 13, 2023
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

До ноември може многу да се направи, потребна е вистинска, а не декларативна поддршка за ЕУ, вели премиерот

January 13, 2023 13:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

-Не сум човек кој дошол на позиција за некого да убедува или разубедува, туку за да спроведува поставените стратешки цели. До ноември може да се направи многу, но секој треба да биде одговорен и на ниво на задачата и на обврската кон граѓаните и кон државата. Нема простор за декларативна поддршка за ЕУ, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој одговори на новинарско прашање за процесот на уставни измени, изледите тие да се спроведат, со оглед на тоа што самиот процес трае околу шест месеци, а се услов за отворање на кластерите со ЕУ, што се очекува кон крајот на годината, по завршување на билатералниот скрининг.

-Јас не сметам дека шест месеци е кус период, до ноември има 10 месеци, и воопшто не сметам дека е тоа кус период за 10 месеци може да се направат многу позитивни работи. Секако секој треба да биде одговорен да биде на ниво на задачата и на обврската кон граѓаните и кон државата. Јас не сум човек кој дошол на позиција за да некого убедува или разубедува, туку за да спроведува стратегијата и целите кои што државата ги поставила пред 31 година. Јас како политичар и како човек и мојата политичка партија се водиме од стратегиите и целите на државата за полноправно членство во ЕУ, исто така како што се водевме од целта Северна Македонија да стане членка на НАТО и станавме, рече премиерот денеска по настанот, на кој заедно со директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски информираа за првата нова инвестиција во 2023 и за резултатите во зоните.

Ковачевски нагласи дека истите политички сили и тогаш не го поддржале членството во НАТО, како што сега не го поддржуваат членство во ЕУ, но изрази уверување дека во земјава постојат доволно политички сили, кои се европски ориентирани и кои сакаат да им овозможи на граѓаните, а особено на младите европската просперитетна и побогата иднина во нивната родна држава.

Во однос на најавата дека ќе се интензивираат преговорите за уставните измени, тој посочи дека процесот на уставни измени има рамка пропишана со закон и со Уставот на државата и е процес кој бара експертска и политичка вклученост, заради што се водат разговори на политичко ниво, за постигнување поширок општествен и политички консензус.

-Во таа насока беше и лидерската средба која што ја бев свикал кон крајот на минатата година со цел да може да ги видиме позициите на сите политички партии. Овие уставни измени и се потребни на државата за да може да го продолжи својот европски пат до полноправно зачленување во ЕУ. Така што не постои простор за декларативна поддршка на ЕУ, како што некој мисли дека треба да ја има, туку сега треба да имаме и навистина политичка поддршка на пристапувањето во ЕУ, бидејќи кочење на таков процес значи дека прв пат државата сама себеси ќе се кочи, посочи Ковачевски.

Во однос на можноста за нова лидерска средба, во моментов, рече не е планирана, но не ја исклучува таква можност на која што ќе може повторно да разговараат за најзначајните прашања, како што се справувањето со енергетско-економската криза.

-На последната лидерска средба не разговаравме само за уставните измени, бидејќи во државата има голем број на предизвици, а тоа е пред се енергетската и економската криза и јас таму во детали ги информирав лидерите на сите парламентарни партии, освен оние двајца кои не присуствуваа на таа средба за тоа што прави државата и кои се плановите во однос на енергетската криза, рече Ковачевски.

Тој се осврна и на преземањето на претседавањето со ОБСЕ.

-Ние сме и држава која што претседава со ОБСЕ, тоа е една исклучително голема обврска, одговорност, но и можност за промоција на Северна Македонија како држава, која го предводи процесот на унапредување на мирот и безбедноста во Европа и особено во вакви геостратешки услови каде на териортијата на Европа се води војна. Тоа бара ресурси, но и вклучување на сите капацитети, кои ги има државата. Османи вчера ги претстави приототетите на нашето претседателство, на почетокот на идната недела ќе биде во Украина бидејќи тоа е врвен приоритет на безбедноста и стабилноста во Европа. И јас ќе одам на почекток на фервруари, каде ќе имам средба со Зеленски, рече премиерот Ковачевски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ