• Latest

До повисоки плати во приватниот сектор со мерката за субвенционирање на придонесите

November 28, 2019

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

До повисоки плати во приватниот сектор со мерката за субвенционирање на придонесите

November 28, 2019 13:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со мерката за субвенционирање на придонесите поради покачување на платите се очекува од 20 до 25 проценти од вработените во приватниот сектор да добијат поголеми плати. За оваа мерка во Буџетот за наредната година се планиран 2 милијарди и 400 милиони денари. Барањата за сибвенционирањето работодавачите ги поднесуваат преку месечната пресметна за интегрирана наплата до УЈП, каде проверуваат дали условите се исполнети и му прават пресметка за износот на субвенционирани придонеси.

– Субвенциите ќе важат за покачување на плата од 600 до 6.000 денари. Нема максимален износ на покачување на плата која компанијата сака да ја направи, но субвенциите ќе важат само за покачување до 6.000 денари. Со оваа стимулација за раст на платите не само што го покачуваме економскиот стандард на сите вработени кои ќе добијат покачување на плати во бизнис секторот туку влијаме и на зајакнување и раст на економијата, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната прес-конференција во УЈП.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска појаснувајќи ја постапката за добивање на субвенциите истакна дека работодавачите барањето го поднесуваат преку месечната пресметка за интегрирана наплата со образец МПИН со внесување на ознака за лицето за кое го бараат субвенционирањето. Со внесување на шифрата, рече таа, УЈП за конкретното лице осигуреник и за работодавачот ја проверува исполнетоста на условите и за тоа го извесува работодавачот.

-Субвенционирањето се врши директно во пресметката со намалување на износот на придонеси за плаќање. Пресметката на утврдување на износот на придонесите, како и намалување на износот на плаќање е целосно автоматизирана процедура со што работодавачите на наједноствен начин да ниожат да го остварат правото. УЈП озносот го дојавува до МТСП за тоа да ги плати субвенциите на придонесите, за висината на покажувањето на платите, рече Лукаревска.

 

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија апелираше компаниите без страв и колебање да ја искористат оваа мерка.

Во вакви услови, вели тој, направивме добро решение за разлика од финансиската поддршка само за минимална плата која ја користеа само најлошите фирми со најниски плати. Ова, вели, е субвенционирање на сите плати без разлика на нивната висина, кое, рече, мислам дека ќе придонесе за општ раст на сите плати.

– Овој закон не прави притисок и товар, само олеснува. Минималната плата од декември ќе ги ублажи притисоците на оние со намали плати. Но тој важи за сите. Ќе го користат трудоинтензивните дејности за исплата на минималната плата, но, и компании кои ова ќе го користат за покачување на плата на своите вработени не само заради законот, туку заради задржување на младите. Македонија се наоѓа во состојба во која од една страна имаме стопанство со структура каква што е со традиционални вредности и ниска додадена вредност, а од друга страна млади кои не прифаќаат да работат за ниски плати. Затоа, мора да се обезбедат услови нашето стопанство полека да го менуваме да имаме компании кои ќе даваат повисоки плати. Така ќе ги задржиме младите тука. Се разбира тоа не може да се направи преку ноќ, но и не треба да се чека со скрстени раце, рече Димитров.

Во врска со тоа дали може да се очекува манипулации на исплата на зголемената минимална плата, тој рече дека може да се очекува се, но начинот на кој треба се се справи државата со тоа се морковот и стапот.

-Морков или субвенции за оние кои ќе сакаат чесно да работат, а контроли и казни за тие кои бараат враќање пари назад на рака, рече Димитров.

Таквите работодавачи, потенцира, го рушат угледот на сите работодавачи и затоа треба да бидат санкционирани.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ