• Latest

Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

October 22, 2020

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

October 22, 2020 15:47
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Наградите на Европската Унија за истражувачко новинарство денес (четврток) беа доделени во хотелот Александар палас во Скопје.

Првата награда на годинешниот конкурс за најдобра истражувачка сторија објавена во 2019 година му беше доделена на новинарскиот тим на Истражувачката репортерска лабораторија за сторијата со наслов „Урбани атентатори“ .

„Она што е важно за оваа приказна е што има мултидисциплинарен пристап. На неа работеа млади режисери, аниматори и најважно млади новинари. Но, исто така е важна и соработката со државните институции, како и реакцијата на граѓаните“, рече Сашка Цветковска од ИРЛ .

Втората награда им припадна на Снежана Лупевска, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска автори на серијалот истражувања, дел од емисијата „Код“ со наслов „Кичевски убиства – осуден на доживотна казна и прогласен за виновен за убиство што не го сторил“.

„Морам да кажам дека многу ни беше мачно кога ја работевме оваа сторија која бараше многу копање, контакти, патувања . Но, уште помачно му е на осуденикот, кој отслужува доживотен затвор затоа што и покрај сите овие наши истражувања и сторија не успеавме да го помрднеме правосудниот систем да ги прегледа сите овие докази кои ние им ги претставивме на гледачите“, рече по добивањето на наградата Серафиновиќ.

Третото место, односно наградата за истражувачка сторија со извонреден квалитет ја доби Петар Клинчарски од редакцијата „360степени“ за сторијата „Денационализацијата заглавена во корумпираност и неспособност на институциите“ .

„Процесот на денационализација, како што видовме и во овој сегмент од сторијата изобилува со неефикасност, нестручност на институциите, а беше посочувано и на сомнежи и индиции за незаконско постапување и злоупотреба на моќта. Она што е најважно веројатно е немањето политичка волја за решавање на споровите поврзани со денационализацијата“, изјави Клинчарски по добивањето на наградата .

Наградите на добитниците им ги врачи шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

„Оваа награда има за цел да ја препознае специфичната работа на истражувачките новинари преку годината . Промовира слобода и одговорност. Слобода да се истражува и пишува за прашања од јавен интерест без страв – без страв од казна или притисоци. Одговорност, затоа што има одговорност и кај новинарите, особено кај истражувачките новинари – да ги применуваат највисоките професионални и етички стандарди во нивната работа и да се осигураат дека нивната работа е детална, авторитетна и заснована на факти и може да се спротивстави на секоја критика“, рече амбасадорот Гир на отворањето на церемонијата .

За изборот на наградените истражувања задолжена беше тричлена жири-комисија составена од Весна Никодиновска од Македонскиот центар за медиуми, како претседател на жири комисијата, Милица Шариќ од Центарот за истражувачко новинарство на Србија и Марина Костова уредник во Сакам да кажам. Тие разгледуваа 11 стории кои го минаа процесот на пред селекција од 24-те кои пристигнаа на конкурсот .

„Имавме голема одговорност пред нас. Трите стории за кои колку што е можно пообјективно решивме да бидат наградени ја содржат можеби најзначајната карактеристика на истражувачкото новинарство – „копање подлабоко“ и обелоденување на она што е под површината. На крај, сакам да ги охрабрам новинарите во Македонија, но и медиумите да продолжат да работат на истражувачки стории, бидејќи без разлика на тоа што сме преплавени со псевдо медиуми, дезинформации и слично, истражувачкото новинарство се уште се цени и повеќе од кога и да е им е потребно на нашите демократии кои се во развој“, рече во својата порака претседателката на жири-комисијата Никодиноска .

Севкупна цел на ЕУ наградите за истражувачко новинарство е да ги промовираат извонредните постигнувања на истражувачките новинари од Западен Балкан и од Турција, како и да ја подобрат видливоста на квалитетното истражувачко новинарство во овие земји кај јавноста. На годинешниот конкурс со вкупен фонд од 10.000 евра можеа да аплицираат новинари од Македонија со стории од кој било формат објавени во текот на 2018 година .

Наградата е продолжение на регионалната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ во земјите од Западен Балкан и во Турција и е дел од тековниот проект „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција“ администриран од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БиХ) во партнерство со седум медиумски организации. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници како член на конзорциумот, ги координира активностите поврзани со конкурсот во Македонија.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ