• Latest

Доделени наградите на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“

August 29, 2019
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025

Договор од 30 милиони евра од Србија за компанија вклучена во обвинението за Бањска

July 8, 2025
Фотографија: Центар за управување со кризи

РЕАКЦИИ: Еден доволен да запали, а цела држава неспремна да изгаси

July 8, 2025
ВОДА ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Какво е водоснабдувањето во вашата општина?

July 8, 2025
Ерол Ризаов

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Доделени наградите на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“

August 29, 2019 09:23
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со доделување наградите во пет категории, заврши десеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“.  Филмот „Соло“  – копродукција на Чешка, Франција, Аргентина и Австрија во режија на Артемио Бенки ја доби наградата „Кромид“ за најдобар филм во главната програма. Одлуката ја донесе жири во состав Ен Жоржете, Инеке Смитс и Виктор Еде, кое оцени дека филмот предводен од еден лик, успева да пренесе повеќеслоен свет на филмското платно.

-Преку необичниот пристап и хипнотизирачкиот стил, филмскиот творец ни ги открива маките на протагонистот. „Соло“ е смел и интимен портрет на еден надарен музичар кој се обидува да воведе ред во својот живот и претставува чувствителна филмска приказна за луѓето кои ги обележуваме како „луди“, наведе жирито.

Специјално признание во оваа категорија доби дшпанскиот окументарец „Град на мртовци“ на режисерот Мигел Ек. Филмот ги прикажува различните лица на смртта преку една група обични луѓе. Внимателно конструираната приказна и прецизната кинематографија на филмот умешно нуди едно алтернативно гледиште на т.н. херој на мисија – наратив што е присутен во многу современи документарци.

Жирито Винсент Дјутр, Виола Штефан и Ѓорче Ставрески одлучи да додели две награди „Млад кромид“  за најдобар филм на нов автор – на макеоднскиот „Медена земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска – „поради убавината и силата на сликите, срдечноста при набљудувањето на непознатата и сурова реалност и поезијата во визуелниот пристап“ и на „Боговите на Моленбек“ – филм на Финска, Белгија и Германија во режија на Рета Хухтанен – „поради остроумноста во снимателскиот избор, начинот на кој филмот ни дозволува да ги согледаме големите проблеми во современа Европа низ детските очи, без тронка иронија или лажна дистанца, поради елеганцијата во филмските слики и нежниот, внимателен пристап на режисерката при соочување со прашањата кои ги засегаат религиските заедници и глобализацијата“.

Наградата „Сечкан кромид“ за најдобар краток филм ја доби „Нашата песна за војната“ (Белгија, Колумбија) на Хуаните Родригез Онзага. Жирито во состав Ондреј Каменицки, Мартин Иванов, Анка Паунеску оцени дека филмот е „неповторливо филмско искуство во кое животот и смртта се среќаваат во еден волшебен миг на помирување“.

Наградата „Кокарче“ за најдобар студентски филм му е доделена на германскиот „Ѕверот – воз со непознати“ на Мануел Инакер, а одлучи жирито во состав Јасмин Башиќ, Мартина Валентина Баумгартнер, Илеана Станкулеску.  – Ова не е уште еден обичен филм за миграција. Ова е силен филмски указ што прикажува длабока општествена и политичка посветеност со искрена почит кон протагонистите – млади луѓе со голема надеж, наведе жирито,

Специјално признание за филм од студентската програма доби рускиот „Слушај, брат!“ на Александар Елкан затоа што, според жирито, „формата на овој филм восхитувачки ја отелотворува содржината на приказната. Режисерот ѝ го прикажува сопственото огромно искуство на публиката, зграпчувајќи нѐ со ритам и енергија“.

Наградата за филм со најдобри етички идеи ја доби „Боговите на Моленбек“ (Финска, Белгија, Германија) на Рета Хухтанен. Жирито за оваа категорија (Виван Сторлунд, Ристо Солунчев и Џон Периш) посочува дека предвид ја имале врската меѓу творецот на филмот и протагонистите.

-Во филмот „Боговите на Моленбек“ децата никогаш не беа безобѕирно следени или набљудувани од камерата. Сѐ е снимено од нивното лично гледиште – технички преку задржување на камерата на нивото на очите на децата и емоционално преку нивелирање на приоритетите на самите деца во филмот. Младите протагонисти од различно културно милје можеа слободно да си играат и да се тркалаат додека, во исто време, меѓусебно си ги истражуваа филозофиите и верувањата без предрасуди. А ние имавме прилика да ги споделиме нивните младешки оптимизам и отвореност, – образложи жирито за Наградата за филм со најдобри етички идеи.


Извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ