Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска во Бања Лука изјави дека „претходните 30 години ги искористил борејќи се за стабилизација во Босна и Херцеговина, но дека тоа била залудна борба“, пренесуваат српски медиуми.
„Тоа е невозможно. Жалам што искористив 30 години од мојот живот за некаква стабилизација во Босна и Херцеговина. Тоа е залудна борба не само на мојата генерација, туку сите во Босна и Херцеговина треба да се откажат од тоа, вели Додик.
Тој смета дека е политички прагматично да се каже дека е потребно да се залага за првичниот Дејтонски договор, но дека тој лично не верува во него.
Д. Т.