Правниот тим на претседателот на ентитетот Република Српска, Милорад Додик, испрати барање до Судот на Босна и Херцеговина со кое бара казната затвор од една година да се замени со парична казна, објави РСЕ на српски јазик.
Ова е можност пропишана со Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, според кој еден ден затвор чини 100 КМ (50 евра). Додик ќе плати околу 36.500 КМ (малку повеќе од 18.000 евра) за една година.
Иако Додик рече дека ја отфрла конечната одлука на Судот на Босна и Херцеговина, барањето за претворање на казната во парична казна сигнализира дека тој ја прифатил пресудата.
Додик беше законски осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење на каква било јавна функција поради непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина.
Откако пресудата стана правосилна, на 6 август, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, избран на општите избори во 2022 година, а против оваа одлука беше дозволена жалба. Судот на Босна и Херцеговина ќе донесе конечна одлука и за ова прашање.
Д. Т.
Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик
Додик најави референдум по одлуката на ЦИК да му се одземе мандатот