Доколку Уставниот суд не донесе одлука за поништување на одлуката за распуштање на Собранието тогаш изборите ке мора да се одржат на 7 Јуни.
Оваа произлегува од одлуките донесени од Претседателот, Владата и ДИК со кои беше прогласена вонредната состојба и прекинат изборниот процес.
Во членот 5 од Уредбата на Владата со законска сила, од 22 март, со која се прекина изборниот процес закажан за 12 април се вели:
„Спроведувањето на изборните дејствија ќе продолжи од денот на престанок на вонредната состојба. Сите изборни дејствија кои се преземени согласно одредбите на Изборниот законик до денот на стапување на сила на оваа Уредба се сметаат за важечки”.
Истиот ден и ДИК донесе слична одлука со која се прекинаа сите подготовки за изборниот процес и исто така се потврди дека ќе продолжат на денот кога ке заврши вонредната состојба.
Првата одлука за прогласување на вонредна состојба беше донесена на 18 март, а втората на 16 април. Ако 16 април се смета како прв ден од вторите 30 дена вонредна состојба, тогаш тоа треба да заврши на 16 мај.
Од овој датум изборите треба да се одржат за толку дена колку што останале од денот на прекинување на изборите до 12 април. Изборниот процес се прекинаа на 22 март што подразбира дека до денот на гласање останале уште 21 ден. Ако на 16 мај се укине вонредната состојба, тогаш изборите мора да се одржат на првата наредна недела, што паѓа на 7 Јуни. Доколку вонредната состојба заврши според датумот закажан првиот пат, (18 март-18 мај), во оваа ситуација изборите би се одржиле на 14 јуни.
Арбен Зеќири