• Latest

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ на 16 октомври

October 14, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ на 16 октомври

October 14, 2018 13:27
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сите хумани граѓани и компании може да донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“, која ќе се одржи на 16 октомври по повод Светскиот ден за борба против гладта, од 10 до 19 часот на 33 локации во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Кочани и Виница. Целта е да се поттикнат граѓаните да донираат храна и да го подигнат нивното ниво на солидарност кон тие што немаат. 

– Над 450.000 граѓани во Македонија имаат проблем да си обезбедат храна во текот на денот, односно имаат во просек по еден оброк дневно. На овие 33 локации граѓаните ќе можат да донираат храна која ќе биде со подолг рок на траење. Храната ќе биде ставена во пакети кои ќе бидат дистрибуирани до различни категории на социјално загрозени граѓани низ Македонија, истакна денеска на прес-конференција Блаже Јосифовски, претседател на асоцијацијата „Ајде Македонија“, која е предводник на мрежата „Сите сите“, која вклучува над 30 организации низ Македонија и работи на донирање храна.

Посочи дека мрежата „Сите сити“ засега располага со дата база од над 20.000 граѓани кои ги помагаат во десет градови и изрази надеж дека ќе бидат донирани десет тони храна, за да може да се задоволи дел од месечните потреби на граѓаните.

Мрежа „Сити сити“– Сакаме да ја подигнеме свеста за фрлањето храна. Граѓаните фрлаат околу 12.000 тони вишок храна годишно, што претставува еден од рекордите во регионот и Европа. Ова мора да се смени како практика, бидејќи не треба да бидеме најголем фрлач на храна. Се уште најголем дел од храната која останува како вишок и во супермаркетите и кај другите кои се дел од синџирот на исхрана или во диструбуција на храна, се фрла на депониите. Станува збор и за храна која е многу пред истекување на нејзиниот рок, рече Јосифовски.

Нагласи дека имале донација на над 7.000 литри густ сок, со уште еден месец рок на траење и ако не постоела платформата „Сите сити“ ќе завршел на депонија, бидејќи немало интерес да се купи.

– Над 25 тони храна успеавме да ги спасиме, односно да не се фрлат овие месеци или над 60.000 порции храна. Имаме и органска храна која најголем дел од граѓаните не ја пробале, како што е млеко од бадем, тофу…и таа се фрла, бидејќи не се продала, а произведувачите сакаа побрзо да се ослободат од неа, додаде Јосифовски. (МИА)

Tags: акцијадонацијаСите Ситихранахуманост
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ