• Latest

Донирани автоматски пушки од САД за модернизација на Армијата

March 1, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Донирани автоматски пушки од САД за модернизација на Армијата

March 1, 2021 12:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Американска донација од 1269 автоматски пушки М-4, во вредност од 1,2 милион американски долари, денеска и беше предадена на нашата Армија, за поддршка на развојот на лесната пешадиска баталјонска група.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која ја прими донацијата од амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз во касарната во Ѓорче Петров, истакна дека станува збор за дел од поголем проект што го финансира владата на САД која ја помага модернизација и опремувањето на нашите армиски сили.

-Со овој дел опрема, обезбедуваме над 1200 М-4 автоматски пушки, со калибар 5.56, кој е стандард на земјите членки на НАТО и ја продолжува нашата конверзија од стариот во новиот стандард. Со оваа опрема дополнително, освен специјалните сили, коишто и досега добија пушки од овој тип, ќе се обезбеди целосно опремување на нашата лесна пешадија, која не е само македонска единица, туку е веќе и НАТО-единица и која ја подготвуваме за првото НАТО-оценување во 2022 година, рече Шекеринска, посочувајќи дека ова е дел од опремата што ја добиваме, а вкупниот број на вакви автоматски пушки е над две илјади, дополнително со обезбедена заштитна опрема за војниците.

Министерката нагласи дека оваа донација покажува колку е широка и сериозна одбранбената соработка помеѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија, посочувајќи дека во период од само една недела, заедно биле присутни на заедничките инвестиции во армискиот полигон Криволак, а оваа недела е потпишан и новиот Меморандум за разбирање во делот на одбранбената соработка.

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз изјави дека со оваа донација се докажува ширината на американската соработка и дека САД ќе продолжат да бидат стратешки партнер во активностите за модернизирање на македонската Армија.

– Ова е уште еден пример како работиме заедно за да бидеме сигурни дека нашите сили кога заедно ќе се борат и кога заедно ќе обучуваат ќе бидат интероперативни, а овие пушки ќе ја зајакнат интероперативноста не само со САД, туку и со другите сили на НАТО. Ова ќе биде многу важно и многу влијателно за понатамошните активности. Ова е уште еден доказ на нашата долготрајна одбранбена соработка што беше уште повеќе зајакната со потпишувањето на Меморандумот за разбирање минатата недела, но ова е и доказ за обврската на вашата земја за модернизирање на македонската армија. Ова е заложба вашата Армија да биде не само подготвена и активна, како најнова сојузничка во НАТО, туку да биде и добро позиционирана да придонесува заедно со нашите сили, рече Брнз.

Целиот проект треба да заврши до 2022 и, како што рече министерката Шекеринска, тој опфаќа дополнителна воена опрема, како пушкомитралези, фрлачи на гранати, како и придружни и заштитни елементи корисни за војниците и старешините. Рече и дека голем дел од оружјето веќе подолго време транзитира според НАТО-стандардите и е од западно производство, конверзијата на калибарот во нов стандард, рече, носи и конверзија во делот на вооружувањето.

-И овие средства кои ги користиме, но и дополнителни средства кои сме ги користеле, биле дел од еден поголем пакет на префрлување на платформи кои ќе ни бидат заеднички, зашто кога одите заедно да вежбате и заедно да учествувате во операции, клучно е да бидете слични, додаде министерката за одбрана.

Шекеринска изјави и дека не се чека само на донации за армијата, посочувајќи дека годинава првпат е обезбедено  зголемување на одбранбениот буџет и на процентот за опремување и модернизација.

-Првпат како држава го исполнуваме вториот дел од нашите НАТО обврски за над 20 проценти – годинава обезбедивме 25 проценти, да оди кон модернизација  и опремување. Ова покажува колку значи сојузништвото – ние како сојузник презедовме обврски и ги исполнуваме, веќе ја почнавме модернизација и со големите проекти, како што се лесните оклопни возила, кои доаѓаат токму од САД. Постојано сме сведоци од поддршката, и финансиска и во опрема, од страна на САД, рече Шекеринска, заблагодарувајќи се на Амбасадата на САД и на нивната Канцеларија за одбранбена соработка.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ