• Latest

Дополнителен јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори

March 3, 2021

Избори, нервоза и сказни

September 28, 2025

Гаши: Избори без притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси

September 28, 2025

Хоџиќ го честита Денот на Бошњаците: Секогаш да сме пркосни на сите деструктивни сили и политики

September 28, 2025
Ф-16 на португалските воздухопловни сили полетува за време на ротацијата на балтичкото воздухопловно набљудување во Естонија. (фото извор: НАТО)

Полска подигна авиони за да ја осигурат безбедноста на нивниот воздушен простор откако Русија започна напад врз Украина

September 28, 2025
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Запорижја, рано наутро, 28 септември 2025, погодени станбени згради (фото извор: Запорижска регионална администрација)

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Масивен напад со ракети и дронови врз цивилни цели, загина 12-годишно девојче

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ сo ултиматум до Обвинителството и Судот, бараат одговори до 3 октомври

September 28, 2025
Илустрација ВИ

Од полноќ официјално почнува кампањата за Локалните избори 2025

September 28, 2025

Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

September 28, 2025

Белгија: Заемот од ЕУ за репарација за Украина „никогаш нема да се реализира“

September 27, 2025

Неидентификувани дронови надлетувале над најголемата воена база во Данска

September 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Дополнителен јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори

March 3, 2021 11:43
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за статистика објави дополнителен јавен конкурс за ангажирање лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во периодот 1 до 21 април во својство на реонски попишувачи и реонски инструктори.

– Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори ќе се изберат по пописни реони и според јазикот на кој ќе се врши попишувањето. При изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори ќе се има предвид етничката структура на населението во соодветниот пописен реон. Од избраните кандидати за реонски попишувачи по пописни реони ќе бидат избрани 10 процент повеќе резервни попишувачи од табелата-колона за вкупно попишувачи, се вели во конкурсот.

Кандидатите кои ќе се пријават на овој конкурс треба да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено најмалку средно образование и да немаат засновано работен однос. Од дополнителни услови се бара познавање на работа со персонален компјутер и познавање на соодветниот јазик на заедницата во пописниот реон.

Изборот на пријавените кандидати ќе се врши по пат на тестирање (проверка за познавање на општи работи од областа на статистиката и познавање на работа со персонален компјутер), кое ќе се спроведе во седиштата на комисиите на пописните реони за кандидатите кои имаат место на живеење во соодветниот пописен реон.

Времето  на почетокот на тестирањето и местото каде што ќе се одржи тестирањето дополнително ќе бидат објавени во седиштето на секоја Комисија за пописен реон и на веб-страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk.

Кандидатите, својата намера да учествуваат во Пописот ја изразуваат исклучиво преку пополнување и доставување на електронска пријава која е достапна на веб-страницата на Државниот завод за статистика: https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx (пријава на македонски јазик) и https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021_al.aspx (пријава на албански јазик) во периодот од 3 до 7 март 2021 година.

– Кандидатите, кои својата намера да учествуваат во Пописот 2021 година ја изразиле на Јавниот конкурс кој беше објавен на 23.02.2021 година за пријавување во период од 23.02- 28.02.2021 година, не треба повторно да се пријавуваат. Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна 08.03.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето, се појаснува во огласот.

Изборот на кандидатите кои ќе бидат ангажирани ќе го изврши Директорот на Државниот завод за статистика, по предлог од надлежната работна група формирана за секој пописен реон.

Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 3 дена по тестирањето, а списокот на избраните кандидати ќе биде објавен на веб-страниците на Државниот завод за статистика.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Војвотката од Јорк, Сара Фергусон отстранета од три добротворни организации поради е-пошта во која го нарекува Епштајн нејзин „врховен пријател“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ