• Latest

Досега издадени 358 дозволи за привремен престој од хуманитарни причини за украински бегалци

October 7, 2022

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025

Амнести интернешнл: Српските власти мора да дејствуваат воздржано и да им обезбедат на граѓаните безбедно учествуво во протестите и слободно да го изразат своето незадоволство без страв од заплашување

July 5, 2025

Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не нуди решение, туку го засилува проблемот

July 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на официјалниот канал на White House

Трамп се закани со царини од 17% за извоз на храна и земјоделски производи од Европа

July 5, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Досега издадени 358 дозволи за привремен престој од хуманитарни причини за украински бегалци

October 7, 2022 21:10
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во интервју за МАКФАКС, меѓу другото, беше запрашан и за подготвеноста на државата за прифаќање на бегалците од Украина и дали државата е отворена за бегалци од Русија, имајќи ја предвид воената мобилизација на Руската Федерација.

Министерот Спасовски го истакна ставот на Владата во однос на воената агресија на Русија врз Украина, односно дека Владата целосно ја има усогласено националната политика со политиката на ЕУ.

„Зошто? Заради тоа што во ниту еден момент никој не смее да поддржи, да одобри завземање на територија на друга држава, рушење на човекови права и слободи, правото на самопопределување, на крајот од краиштата само заради тоа што некој е посилен од другиот. И во тој дел ние сме сосема на јасно”, истакна министерот Спасовски, при што ја потенцираше подготвеноста на државата да помогне на украинските државјани.

„Ние сме подготвени, јас тоа го истакнав, заради тоа што имаше пласирање на информации коишто не кореспондираат со реалноста – дека државата не е подготвена да помогне на украинските државјани – нешто што апсолутно не е така. Јас ќе ви кажам низ бројки. Ние од 24.02.2022, кога започна војната, па се’ до 18.09.2022, на територија на РСМ влегле 21.106 украински државјани, а на излез поминале 15.539 украински државјани. Тоа покажува дека овие државјани биле овде на територијата и најголем дел се вратиле, затоа што ги донеле своите семејства. Притоа, најголем дел од овие луѓе се дојдени на ниво на пријателски, роднински и бизнис врски, затоа што работеле во одредени компании”, истакна министерот Спасовски.

„Сакам да напоменам дека 4.130 лица се под 16-годишна возраст, а 664 се лица над 70-годишна возраст. Во истиот период, од почетокот на кризата до денес имаме издадено 358 дозволи за привремен престој поради хуманитарни причини. Тоа не е туристички престој, како што се шпекулираше во јавноста, односно  дека на тој начин државата не била подготвена. Напротив, оние лица кои побарале привремен престој од хуманитарни причини, а такви се 358, го добиле тој статус, додека немаме лица кои побарале азил на територија на РСМ”, информираше министерот Спасовски.

Министерот Спасовски објасни дека има и други државјани, вклучително и руски, кои побарале заштита на територијата на РСМ од повеќе причини, нагласувајќи дека низ процедурите во законот, како и со обврските од низа меѓународни договори и конвенции, таква заштита мора да се обезбеди, но податоците покажуваат дека не може да се зборува за некаков наплив на руски државјани.

„Од 13.09.2022 до 26.09.2022 година кога практично беше и најактуелно прашањето за воена мобилизација во Русија, 562 руски државјани влегле на територија на РСМ, а околу 512 ја напуштиле, што значи дека тие транзитираат низ државата. Најголем дел – околу две третини ги користеле копнените гранични премини, додека мал дел меѓународниот аеродром во Скопје или Охрид”, подвлече министерот Спасовски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ