Антонијо Милошоски нема никаков проблем да напише, а потоа и да се потпише под документ на кој стои името на нашата држава, Република Северна Македонија, иако велеше дека никогаш нема да го стори тоа. ЦИВИЛ Медиа дојде до фотографија од документ (амандмани кон законот за јавно обвинителство) на кој името на Милошоски е прво потпишано под текст во кој повеќепати е напишано името на државата.
Тоа воопшто не би било проблематично, но ако знаеме што сѐ направија Милошоски и неговата партија за да го осуетат надминувањето на спорот со Грција, неизбежно е прашањето за неговата доследност и карактерност. Исто како и на неговиот довчерашен претседател и други сопартијци за ова и за многу други прашања.
Со други зборови, една кауза сега е уште поважна, да се одолговлекува и опструира што е можно повеќе процесот на донесување закон за обвинителство. Поточно, „каузата“ „никогаш Северна“, сега е заменета со каузата „никогаш правда“.
Џ. Дерала