• Latest
Ерол Ризаов

Доста плачете, донесете решенија

February 18, 2025

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Доста плачете, донесете решенија

Која неправда е поголема - таа што ни ја прават соседите и Европа, компромисите што ги прифаќаме, или таа неправда што самите си ја правиме кога не ги носиме одлуките и губиме скапоцено време за остварување на државните интереси

February 18, 2025 09:23
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

Дали Македонија сака да биде членка на ЕУ е сосема непотребно прашање ако се земат предвид стотици досегашни анкети на јавното мислење направени во изминатите години, повеќе од три децении. Граѓаните на Македонија дури во поголем процент од повеќето земји членки на Унијата постојано, со мали осцилации од неколку проценти, се определени за припадност на европското семејство. Неверојатно, но сосема точно.

Последното истражување на јавното мислење кажува дека 62 проценти од граѓаните на Македонија се за членство во ЕУ (што ги изненадува и европските политичари) како извонредно голем процент после сѐ што се случува со години на реалацијата ЕУ- Македонија и по сите вета, неочекувани промени на правилата и неправди што ни се нанесени. Меѓутоа, кога ќе се постават прашањата за условите кои треба да се исполнат тоа да се случи, тука веќе политиката, политичките партии и лидери, владите, премиерите, претседателите на државата, собраниските состави имаат дијаметрално спротивставени ставови кои се со пресудно влијание и на јавното мислење поради отстапките кои се направени и кои треба да се направат за припадност на Унијата. Поради тие разлики, кои во јавноста се пропагираат драматично како предавство на националните интереси и губење на идентитетот и прераснуваат во поделби и омраза во Македонија, се добиваат и губат избори.

За да се добие, или изгуби власта, се разбира, има и многу други причини, но во суштина се поврзани се неостварување на реформите кои ги бара ЕУ од кандидатите за членство, но истите промени ги бараат и граѓаните на Македонија, а ги ветуваат и сите релевантни политички партии во своите предизборни кампањи и партиски програмски определби.

Ветуваат, ама не остваруваат

Нашите политичари ветуваат повеќе и од она што бара ЕУ, но не ги остваруваат. Тоа се добро познатите услови за владеење на правото, ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал, побрз развој на демократските процеси, слободни медиуми, економски реформи, реформи во здравството, образованието, администрацијата, културата, земјоделството, заштита на човековата средина и еден куп други услови кои секоја година стануваат побројни и кои треба да се исполнат за да се стане членка на ЕУ. За Македонија нема протекција како за некои други земји, се бара исполнување на сите услови.

На нашиот пат за Европа главните аргументи што ги поставува политиката на сегашната власт пред домашната и европската јавност се неправдите што ни се нанесуваат од соседите, од ЕУ, но и од оние домашни политички партии и нивните приврзаници кои се согласуваат со компромисите и остапките што ги прифатиле. Резултатот е познат – тие што ги прифатија компромисите со Грција и со Бугарија, без оглед на членството во НАТО и приближувањето кон ЕУ со почетокот на преговорите, се предавници и домашни непријатели. А, тие што се против и ги блокираа понатамошните преговори и се за статус-кво со ветувања и огнени патриотски говори, дома и по светот, се за исправање на неправдите, тие се нашите херои кои ни ја враќаат гордоста и достоинството.

Навистина, јавните настапи на премиерот Христијан Мицкоски и партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ за неправдите кои евидентно ни се направени имаат голема поддршка во јавноста и успешно ги прикриваат штетите што самите си ги правиме за изгубеното време кое е главниот, најскапиот и најопасниот фактор за неизвесната иднина на Македонија.

Особено сега кога и Европа се соочува со својата неизвесност и е во потрага по поголемо единство и за првпат по 12 години, по приемот на Хрватска за 28 членка на Унијата, е подготвена за проширување и прием на нови членки со најава дека први од Западен Балкан во наредните две до три години ќе бидат примени Црна Гора и Албанија.

Суштинско прашање на кое власта треба да даде јасен одговор дали и натаму ќе плаче за неправдите и ќе бара гаранции од ЕУ, од соседите и од Америка кои не може да ги добие, или ќе се донесат одлуките за уставните измени за влез на Бугарите заедно со Хрватите, Црногорците, Евреите во Уставот и ќе ги остварува реформите кои се главниот предуслов не само за членство ЕУ, туку и за побрз развој на Македонија.

Неопходна е нова ера на односите во државата

Власта го има потребното мнозинство и поддршката од опозицијата да се донесат сите неопходни одлуки за остварување на државните стратегиски одлуки. Тоа би означило нова ера на односите внатре во државата бидејќи во тој случај политичкиот натпревар би се одвивал и би се вреднувал од јавноста од брзината на остварување на предвидените реформи за кои толку многу се залагаат сите, ама само на зборови.

Ја знаеме цената на остапките и компромисите, но никој не ја пресметал цената што Македонија не е членка на ЕУ уште пред 15 и повеќе години, кога условите за членство беа многу поповолни и без уставни промени на името на државата. Таа цена и не може да се пресмета. Истата додавка, Република Северна Македонија, само за надворешна употреба беше на преговарачкаката маса како услов за непопречувано членство во ЕУ и во НАТО. Ја одбивме со индигнација, па го добивме ерга омнес за сите употреби.

Која е гаранцијата дека нема да следат уште потешки условувања од типот земи или остави, ако дојде до веќе најавените геостратегиски промени во Европа и во светот со неизвесноста на новата американска политика на претседателот Доналд Трамп од која се ужасува Европа и светот, а нашата власт покажува нескриено одушевување.

Ветувањата на премиерот Мицкоски и новата влада дека немаме друга алтернатива освен членството во ЕУ веќе не се спомнуваат, а зачестија и се обновија идеите дека секогаш постојат и други алтернативи. Тоа се соопштува на еден прикриен начин со тезите дека Европа е во неизвесност и дека е пред распад и дека влегува во сериозна политичка и економска криза, па сега ние треба да си го бараме местото на друга страна во овој неправеден свет.

Колкава ќе биде штетата ако по пет, или десет години, некоја друга политичка гарнитура на власт ги прифати истите услови, или полоши од овие кои сега ни се нудат. За вакви претпоставки власта не размислува. Ни фрлаат коски за глодање во меѓусебни расправи за промена на државниот грб. Овој што го имаме бил остаток од социјализмот како што тврди еден од идеолозите на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Не му е првпат јавно да брише историја и историски личности.

Од друга страна, од албанскиот партнер во власта стасуваат барањата за промени на химната, за ново државно знаме, а утре ќе стасаат и нови барања во голем пакет за уставни промени. И се така со години ќе го храниме нашиот примитивизам и неспособност да ги оствариме најзначајните државни интереси кои го гарантираат опстанокот на Македонија.

Времето лета, веќе жртвуваме неколку генерации, а на идните им оставаме само долгови и неизвесност. Затоа треба да престане власта со плачење и барање правда. Ни требаат итно решенија.

Последниот самит во Париз на лидерите на земјите на стара Европа, плус само Полска од зад некогашната „железна завеса“, може да ги потсети новите членки на ЕУ на нивното минато. Овој пат средбата на политичките лидери на Франција, Германија, Англија, Италија, Холандија, Данска, Шапанија и Полска, посветена за нивната изолација од преговорите за крај на војната во Украина кои ги најавуваат Америка и Русија без учество на Украина и Европа, во иднина може да прерасне во правило и за други потреби во врска со силните разлики меѓу членките на ЕУ за иднината на Европа. Без оглед што на средбата на врвот во Париз присуствуват и претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет и НАТО алијансата. Државите од Источна и централна Европа кои тонеа во беда и страдаа од диктатури и руска доминација, станаа членки на ЕУ на врат на нос со големи ветувања за целосна припадност на Европа и западноевропските политики, за сега да ги злоупотребуваат статусните права на ЕУ и поставуваат разни блокади и вета, спротивни на европските интереси. Можеби е време да се потсетат на еден друг начин каде беа и до каде ќе стасаа да не беше членството во ЕУ, најчесто незаслужено со политички одлуки.


Текстот е личен став на Авторот, преземено од Независен. 
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ