• Latest

Држава на условни права: Што се случува кога институциите ги газат сопствените договори?

April 8, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Држава на условни права: Што се случува кога институциите ги газат сопствените договори?

April 8, 2026 11:00
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Александар Иванов

Во правото постојат две златни правила што не се само академска украса, туку практични темели на секоја уредена држава: iura quaesita non tolluntur – стекнатите права не се одземаат, и lex prospicit, non respicit – законот гледа напред, а не назад. Во македонскиот уставен поредок, ова не е само теориска максима. Начелото на забрана на ретроактивноста е дел од идејата за владеење на правото и правната сигурност: граѓанинот мора однапред да знае во какви правила живее, што може да очекува од институциите и до каде се простира заштитата на неговата работа, труд и достоинство.

Во спротивно, државата престанува да биде гарант на сигурноста и се претвора во извор на неизвесност.

Тоа е суштината на проблемот што денес се чувствува во повеќе навидум различни области: културата, високото образование, одбраната и употребата на јазиците. На прв поглед, станува збор за одделни системи, секој со своја логика, финансии и институционална архитектура. Но, ако се погледне подлабоко, заедничкиот именител е ист: намалување, релативизирање или целосно укинување на веќе стекнати права. А кога државата еднаш ќе почне да испраќа порака дека правото не е стабилен договор, туку привремена милост што може да биде повлечена преку ноќ, тогаш штетата не е само материјална. Таа е морална, политичка и општествена.

Во теоријата на правната држава, стекнатото право не е привилегија, туку заштитена правна позиција што настанала врз основа на важечки закон, колективен договор, поединечен акт или долготрајна правна практика. Токму затоа модерните држави не смеат лесно да посегаат по веќе воспоставени стандарди, особено кога станува збор за плата, надоместок, работен статус, услови на труд или јазични права. Ако денес може да се укине нешто што вчера било признато и обезбедено, тогаш утре никој нема да има мотив да вложува доверба во институциите, во преговорите, во синдикатите или во самата законска рамка. Правната сигурност не е луксуз на елитите, туку таа е секојдневен предуслов обичниот човек да планира кирија, сметки, рата за кредит, школување на децата или грижа за постар член на семејството.

Култура             

Во областа на културата, ова прашање е особено болно затоа што зад секое кратење често стои тивка претпоставка дека културната работа е некаква споредна дејност, а не јавен интерес. Но фактите говорат поинаку. Колективниот договор за културата, склучен на крајот на 2019 година и објавен во 2020 година, не беше само технички документ, туку исправување на повеќедецениски неправди кон вработените во музеите, библиотеките, театрите, архивите и другите установи. Со него беа утврдени поповолни права и појасни правила за платите по работни места, поврзани со законски утврдената најниска плата, токму за да се избегне „урамниловката“ и произволноста. Кога еднаш таков стандард е воспоставен со преговори и правен акт, секое еднострано ограничување или заобиколување не е само буџетска корекција – тоа е порака дека синдикалната борба може да биде обесмислена, а правото да стане условно.

Последиците од тоа се гледаат многу подалеку од платниот список. Културниот работник не е апстрактна категорија. Тоа е човек што живее во истата инфлаторна реалност како и сите други граѓани. Во март 2025 година минималната нето-плата во државата беше утврдена на 24.379 денари, а просечната нето-плата во јануари 2026 година изнесуваше 46.617 денари. Овие бројки сами по себе покажуваат колку е тесен просторот за достоинствен живот во земја во која секое месечно поместување на приходите непосредно се чувствува во домашниот буџет. Кога на тоа ќе се надоврзе доцнење на исплати, намалување на коефициенти или правна несигурност околу веќе договорени права, тогаш не се создава само незадоволство, туку системска несигурност. А стравот е секогаш најдобар сојузник на лошото управување: исплашениот работник е помалку склон да се синдикализира, да протестира или јавно да зборува.

Високо образование

Слична логика може да се забележи и во високото образование. Таму проблемот не е само статусот на професорите и асистентите, туку и самата идеја за универзитетот како јавно добро. Колективниот договор за високото образование и наука од 2021 година утврди рамка за права од работен однос, а измените на Законот за високото образование во 2024 година воведоа коефициенти за пресметување на основната плата на вработените во јавните високообразовни установи од буџетската сметка. Тоа беше важен чекор кон изедначување на статусот меѓу различните државни универзитети, токму затоа што претходно постоеше реална нерамноправност. Ова не е периферно прашање: во академската 2024/2025 година во Северна Македонија имало 53.535 студенти на додипломски студии, а 76,8 проценти од нив студирале на државни високообразовни установи. Значи, кога државата игра со правата и статусот на универзитетскиот кадар, таа не задира во тесен еснафски круг, туку во квалитетот на системот од кој зависи иднината на десетици илјади млади луѓе.

Високото образование меѓу најавените реформи и системските апсурди

Состојбата во македонското високо образование се наоѓа во критична точка, распната меѓу најавените амбициозни реформи и длабоките системски проблеми кои го еродираат неговиот квалитет и легитимитет. Веќе објавените поенти јасно укажуваат на неколку клучни димензии на оваа сложена криза.

Најпрво, тука е митот за „Импакт Фактор“, каде квалитетот на научната работа бирократски се изедначува единствено со видливоста во престижните, профитни странски бази како Web of Science и Scopus. Овој пристап, освен што е финансиски оптоварувачки за самите истражувачи (поради скапите Article Processing Charges), наметнува еден вид „дигитален колонијализам“: академските кариери се врзуваат за приватни платформи со свои геополитички пристрасности, при што се маргинализираат локално релевантни научни теми кои се од суштинско значење на пример за македонскиот безбедносен систем или екосистем. Барањето за светска наука и импакт во македонски услови, каде недостасуваат основни ресурси како континуирана претплата за светски бази или дигитални центри, се доживува како инфраструктурен апсурд.

Сето ова се случува во амбиент на долготрајна правна гимнастика, нееднаквост на плати преку посебни колективни договори и гаснење пожари пред избори наместо искрена долгорочна стратегија. Институционалната меморија е нагризана од хроничен дисконтинуитет – секоја нова власт го ресетира системот, а негативната селекција и феноменот „наше дете“ го задушуваат академскиот потенцијал. Политичките кадри, поминати низ партиски филтер (интервјуа кај министер), едноставно не можат да бидат носители на суштински реформи. Законот, исто така, ги казнува научниците кои се фокусираат на домашни проблеми во општествените науки, бидејќи глобалните рецензенти не ги разбираат спецификите на Македонија.

Но, има уште еден слој на овој апсурд: кој ќе ги спроведува овие правила?

Ако овој предлог ЗВО се усвои, нужно е да се вметне член кој вели дека секој член на Комисија за избор или ментор мора И САМИОТ да ги исполнува новите критериуми пропишани за звањето за кое одлучува. Во спротивно, ќе имаме комисии од професори со h-индекс 0 кои ќе ги касапат помладите колеги барајќи им светски импакт фактор.

Тоа го руши целиот легитимитет на високото образование.

И тука суштинското прашање не е дали се можни реформи. Се разбира дека се можни и понекогаш неопходни. Но реформата не смее да биде друго име за одземање. Државата може да менува модели, да усогласува коефициенти, да бара одржливост, но не смее да ја руши довербата дека веќе признатите права имаат стабилност и правна тежина. Во спротивно, секој вработен во јавниот универзитет ќе знае дека неговото право зависи не од закон и договор, туку од моментална политичка волја. А тоа веќе не е право – тоа е привремен административен подарок.

Одбрана

Истото важи и за одбраната и војничкиот стандард. Законот за служба во Армијата не случајно детално ги уредува статусот, правата, обврските, платите и надоместоците на персоналот. Измените од последните години воведоа механизми на усогласување со минималната плата, подобри услови за пензионирање и попрецизни решенија за отпремнини. Војникот, подофицерот, офицерот или цивилниот персонал во одбраната не смеат да бидат третирани како да нивниот стандард е споредна тема. Безбедноста на државата не се гради само со опрема и декларации, туку и со чувство дека институцијата стои зад оние што ѝ служат. Ако таму почне регресија на веќе стекнати стандарди, штетата е двојна: и човечка, и системска. Демотивиран и несигурен кадар не е добра основа за стабилен одбранбен систем.

Употреба на јазици

Најделикатна, сепак, е областа на употребата на јазиците, затоа што таму правната сигурност непосредно се допира со меѓуетничката доверба. Законот за употреба на јазиците утврдува дека покрај македонскиот, службен е и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните.

Според Пописот 2021, вкупното резидентно население изнесува 1.836.713 лица, а 24,30 проценти од резидентното население се изјасниле како Албанци. Тоа значи дека темата не е симболична ниту апстрактна, туку длабоко вкоренета во секојдневниот живот: во општински услуги, документи, судски постапки, здравствени установи, образование, локална администрација.

Во општества како нашето, каде меѓуетничките односи се чувствителни и често зависат од суптилна рамнотежа, секое нагло стеснување на веќе воспоставени јазични права се доживува не како техничка корекција, туку како политичка порака за поместување на границите на еднаквоста.

Генерални ризици

Токму затоа ризиците од институционален инженеринг што оди наназад се преголеми. Прво, се создава непосреден социјален револт кај засегнатите групи, бидејќи луѓето најсилно реагираат не кога не добиваат нови права, туку кога им се одзема нешто што веќе го сметаат за свое. Второ, се разградува легитимноста на државата, зашто институцијата што денес ти признава право, а утре ти го повлекува без јасен, праведен и предвидлив основ, престанува да биде авторитет достоен за доверба. И трето, во македонски услови, секоја регресија во јазичните прашања носи потенцијал за пошироки тензии што многу лесно можат да ја надминат правната рамка и да преминат во општествена поларизација.

Не постои сериозно оправдување за рушење на основниот постулат на правната држава. Државата може да штеди, да реформира, да рационализира и да преговара, но не смее да владее со метод на повлекување на веќе стекнати права како средство за дисциплинирање на граѓаните и на професионалните заедници. Тоа не е сила на системот, туку признание на негова слабост. Секоја власт што мисли дека со укинување на договорени или законски утврдени стандарди ќе произведе мир, всушност произведува спротивно: подготвува терен за протести, радикализација, недоверба и долгорочна институционална ерозија.

Затоа ова прашање не треба да се гледа како борба на една професија, еден сектор или една заедница. Станува збор за поширок цивилизациски избор: дали ќе живееме во држава во која правото е сигурна рамка или во држава во која секое право е ревокабилно ако така наложи дневната политика. Ако дозволиме стекнатите права лесно да се претвораат во променлив трошок, тогаш утре никој нема да биде навистина заштитен – ни културниот работник, ни професорот, ни војникот, ни граѓанинот што своето достоинство го остварува преку јазикот. Кога државата одзема веќе стекнати права, таа не решава проблеми. Таа создава нова социјална и политичка криза, а цената на таа криза на крајот секогаш ја плаќа целото општество.

Службени и јавни извори

– Устав на Република Северна Македонија и начелото на владеење на правото и забрана на ретроактивност.

– Колективен договор за културата (Службен весник бр. 10/2020) и јавни синдикални/институционални информации за неговата примена.

– Колективен договор за високо образование и наука (Службен весник бр. 102/2021) и законски измени од 2024 година за платите во јавните високообразовни установи.

– Закон за служба во Армијата на Република Северна Македонија и измените објавени во Службен весник бр. 14/2024.

– Закон за употреба на јазиците (Службен весник бр. 7/2019).

– Државен завод за статистика: Попис 2021; податоци за запишани студенти во академската 2024/2025 година; просечна месечна исплатена нето-плата; објава за минимална плата за 2025 година.

Проф. д-р Александар Иванов е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопјe, специјализиран за безбедност на животната средина, меѓународни односи и трансформација на безбедносната наука во оперативна реалност.

Авторски права и одговорност
© 2026 проф. д-р Александар Иванов и ЦИВИЛ – Центар за слобода
Сите права се задржани.

Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ