• Latest

Државата го презема управувањето со парното во Скопје, претседавањето со ОБСЕ дел и од проектот Рефлексија2030, помалите партии му порачаа на Мицкоски дека не ја менуваат страната

January 21, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Државата го презема управувањето со парното во Скопје, претседавањето со ОБСЕ дел и од проектот Рефлексија2030, помалите партии му порачаа на Мицкоски дека не ја менуваат страната

January 21, 2022 16:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владата ќе му префрли шест милиони евра на ЕСМ за да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север

Владата ќе префрли шест милиони евра на сметката на АД ЕСМ за да го преземе управувањето, дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија за град Скопје за целата грејна сезона од моменталниот носител на лиценцата БЕГ, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Овие средства, како што кажа при денешната посета на општина Сарај, ќе се користат и во делот на плаќањето на разликата од реалната и постојната цена на топлинска енергија за цела 2022 година.

Прашан дали само шест милиони евра ќе бидат доволни за целата грејна сезона, Бектеши рече дека таквите проекции се направени од страна на ЕСМ, Регулаторната комисија за енергетика и раководството на ЕСМ – Енергетика, која произведува топлинска енергија, согласно постојните цени и берзанските цени на природниот гас за јануари.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

– Важно е сите ние како ЕУ, а тука припаѓа и Бугарија- да си го одржиме ветувањето кон Северна Македонија и Албанија. Ние сме подготвени да го поддржиме тој процес, но во најголем дел се работи за билатерален процес. Мислам дека и за новата бугарска влада приоритет е да продолжи со сопствената реформска агенда и дека постои желба историјата да им се остави на историчарите, изјави државната министерка во германското Министерство за надворешни работи, Ана Лирман.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Помалите партии му порачаа на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски да не смета на нивната поддршка за предвремени парламентарни избори. Тие се децидни дека промената на изборниот модел од шест во една изборна единица е позитивен чекор, но дека тоа не значи поддршка на идејата на Мицковски за предвремени парламентарни избори, пренесува Бриф.мк.

СТРАТЕГИЈА Во просториите на МНР денеска се одржа тематска дискусија во рамки на проектот Рефлексија2030, чија цел е резвивање на Стратегијата за надворешна политика за следните 10 година. Денешната дебата, како што соопштија од МНР, беше посветена на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

АЛАРМИРАЊЕ Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за нестабилна карпа во реонот на кањонот Матка, што се наоѓа стотина метри високо над самиот ѕид на браната. Оваа карпа се наоѓа во ваква позиција долго време, според добиените фотографии може да се забележи одредена нестабилност а ние како институција испративме барање до повеќе релевантни институции коишто треба да излезат на терен, информираше денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, пренесува информативната агенција МИА.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш предупреди дека ситуацијата во светот денеска е значително полоша отколку пред пет години, поради пандемијата со Ковид-19, климатската криза и поради геополитичките тензии, кои предизвикаа бројни конфликти. Но, за разлика од американскиот претседател Џо Бајден, тој смета дека Русија нема да ја нападне Украина.

ДИСТРИКТ

Во ДИСТРИКТ на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Боби Иванов, моторист, натовец, филозоф. Тој зборува за: мотрите и страста, коренот и идентитетот, филозофијата и прагмата, демократијата и дистопијата и за уште по нешто.

БРЗА ПОШТА

„Подземни пагани инструираа десетина заблудени момчиња веќе израснати на прагот на мажи, подготвени и навежбани на суво, наместо со љубов за светото Исусово крштевање, продадоа магла, расфрлаа пизма. Го избербатија светиот ден и светиот настан. Го исфлекаа со политика. Поплукаа по Исус, го урнисаа духот на верата.

Извинувањето од Владиката, организаторот на настанот, вообичаено изостана. И институцијата Црква уште не се огласи да поучи и да порача дека верата не е политика и дека алтернатива на хорското „никогаш северна“ неизбежно е „секогаш поранешна“, пишува Зоран Иванов во БРЗА ПОШТА „Никогаш северна – секогаш поранешна“.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Тврдењето дека НАТО сака да ја опколи Руската Федерација е без основа. Само пет од триесетте сојузници се соседи на Русија, со само 1/16 од нејзините граници се граничи со НАТО. Ако дефиницијата да се биде опкружен е дека 6% од вашиот периметар е блокиран, тогаш без сомнение храбрите луѓе кои се бореле во Арнем или Ленинград во Втората светска војна би имале што да кажат за тоа.

На Кремљ, всушност, не му се заканува распоредот на силите на НАТО, туку привлечноста на неговите вредности. Исто како што знаеме дека неговите дејства навистина се однесуваат на она како претседателот Путин ја толкува историјата и неговите недовршени амбиции за Украина“, пишува Бен Валас, министер за одбрана на Обединетото Кралство, во колумната „Тврдењата на Кремљ се без основа“.

„Одговорност не е да се живее наивно и да се верува во разно разни приказни дека некои што прават милиони врз грбот на народот или преку криминални дејанија ќе се откажат од тоа за општото добро. Таквите видовме дека имаат создадено или украдено за поколенија и по нив.

Уште еднаш треба да се потсетиме на народната поговорка: Ситиот на гладниот не му верува и баш му е гајле! Нека оваа поговорка не потсетува секојдневно за да подразбереме дека поради криминални дејанија на поединци пред кои замижуваме, поради дејствување спротивно од приоритетите на народот не можеме да ја искусиме праведната транзиција во која чекори Европската Унија“, пишува Стевче Дечев во колумната „Праведна транзиција или ситиот на гладниот не му верува и баш му е гајле! (прв дел)“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ