• Latest

ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии доколку се користи уставното име на државата

July 21, 2021
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии доколку се користи уставното име на државата

July 21, 2021 15:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија, доколку се користи уставното име на државата. Резолуција во која нема уставно име, нема правна форма. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на ДУИ за резолуцијата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

– Во однос на резолуцијата од првиот ден како министер за надворешни работи се водам од премисата – прво да не се направи штета. И оттука и мојата анализа и мојот став како министер за надворешни работи во однос на прашањето се водеше по тој принцип – кои се бенефитите и која може да биде штетата од тој процес. Затоа прво на што повикав е која било резолуција која треба да ги одрази интересите на државата да биде донесена со консензус. Затоа што макотрпно овие месеци изградивме консензус што ги поминува етничките, идеолошките линии по однос на ова прашање. И тој консензус којшто не често се случува во оваа држава, ни помогна да добиеме речиси ист таков консензус во самата ЕУ, оцени Османи.

Тој апелираше на внимателност таа политика да не добие етничка и партиска димензија, бидејќи, како што рече, може само да ја ослабе нашата позиција.

– Не зборувам дека оваа резолуција може да направи штета, но мора да сме внимателни, и затоа како министер за надворешни работи барам внимателност. Позициите што ги има во текстот на резолуцијата се позиции што МНР и Владата ги имаат како свој став во својата стратегија. Но, многу е важно во Собранието да има консензус и да не се отвораат дополнителни теми што може да наштетат на процесот, рече Османи.

Тој истакна дека прашањето за уставното име, кое стана дел од ова резолуција, е отворање нови проблеми, а не помош за затворање на проблемите.

На 15-ти овој месец претседателот на Собранието Талат Џафери од собраниска говорница соопшти дека предложената Резолуција од ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е примена во Парламентот и дека најверојатно материјалите за неа ќе бидат испратени до пратениците и таа би можела да се најде на дневен ред на наредната седница

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ