„Дали животите вредат 200 илјади евра?“, гласи пораката со која бил пречекан носителот на ИЕ 5 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, од младите во Вевчани.

Од фотографијата што се споделува на социјалните мрежи се гледа испишаната парола „Дали животите вредат 200 илјади евра“ со која вевчанци ги пречекале кандидатот и носител на ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Дурловски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Оваа порака доаѓа откако во јавноста се пласираа документи дека Дурловски купува земја во Свети Николе вредна околу 200 илјади евра.