• Latest

Две седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

July 12, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Две седници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

July 12, 2021 12:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска одржа две седници, 17-та и 28-та. На првата седница на дневен ред беше Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање. Предлог-законот е проследен е на понатамошна расправа во Собранието, во прво читање.

Претседателот на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците Соња Мираковска за МИА изјави дека овој закон е предлог на Министерството за внатрешни работи.

-Измените кои се внесени во овој закон се однесуваат на можноста граѓаните кои не се Македонци, а се повеќе од 20 отсто, да може во личната карта податоците да бидат впишани по службена должност и на нивниот јазик. Исто така и лицата кои не се Македонци, а се помалку од 20 отсто, на нивно барање ќе може податоците да им бидат впишани и на јазикот кој го зборуваат, појасни Мираковска. Изрази надеж дека на наредната седница на Собранието ќе биде ставен на дневен ред, на расправа пред пратениците.

На 28-та седница, членовите на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го разгледаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, по скратена постапка – во второ читање. Поднесен е од пратеничката Љатифе Шиковска.

Мираковска потсети дека за неевидентираните лица имаше донесено посебен закон, а околу 700 лица се неевидентирани во државата во моментот кога е донесен законот.

-Рокот беше до 2021 година. Но, тој рок заради пандемијата не е доволен и она што го предлага колешката Шиковска е да се продолжи до јуни 2022 година. Некаде околу 400 лица во моментот остануваат неевидентирани. Па моето прашање и на повеќето од колегите беше дали тој рок од една година ќе биде доволен, имајќи грижа дека можеби на есен ќе има уште еден бран па ќе се соочиме со истата состојба, рече Мираковска. Најави дека за ова ќе разговараат со колегите и можно е, како што рече, на самата седница на Собранието да предложиме комисиски рокот да биде продолжен.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ