• Latest

Двоен аршин на власта: Отказ за неовластено користење на службено возило за превоз на болно дете!

November 4, 2016
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Двоен аршин на власта: Отказ за неовластено користење на службено возило за превоз на болно дете!

November 4, 2016 10:11
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Пред неколку години, Ласте Ивановски добил отказно решение од Царинската управа, затоа што службеното возило го вратил два часа по крајот на работното време, период во кој, како самохран родител, враќајќи се дома, попатно го возел своето болно дете на лекар. По инцидентот на дополнителниот заменик-министер Диме Спасов, кој возејќи службено возило на друга институција, без патен налог, околу полноќ, направи сообраќајка и избега од полицијата, и потоа не поднесе оставка и неколку дена се криеше од јавноста, Ивановски резигнирано тврди дека „државата за некого е мајка, а за некого е лоша маќеа“. 

Директорот на Царинската управа Ванчо Каргов во ноември 2009 година донел решение со кое му изрекол престанок на работниот однос на вработениот возач Ласте Ивановски, „поради кршење на работниот ред и дисциплина и неисполнување на обврските“, затоа што на два пати го користел службеното возило „неовластено, по работно време“ и не ја „пополнувал правилно пропишаната документација за употребата на возилата, за потрошеното гориво и поминатите километри“.

Комисијата за решавање на прашања од областа на работните односи го прифаќа приговорот на царинскиот службеник кој не се согласувал со причините за отказот, и на 22 март 2010 година го изменила решението на директорот на Царинската управа, и донела решение со кое на Ивановски му се изрекува парична казна – во висина од 10 проценти од неговата плата, во траење од 6 месеци.

„Возачот е самохран родител кој достави писмени докази дека го користел возилото за службени цели, а на враќање на работа, попатно застанал дома, поради тоа што му било јавено дека неговото малолетно дете било болно и затоа морал да го однесе на лекар со службеното возило, бидејќи тоа друг не можел да го направи наместо него“, пишува во решението.

18041golema
Поранешниот директор на Царинската управа, Ванчо Каргов

Но, директорот Каргов одбива да ја спроведе одлуката на судот. Затоа што не го вратил Ивановски на работа, тој добил и пресуда од Основниот суд Скопје 1, но подоцна е запрена кривичната постапка, бидејќи јавниот обвинител се откажал од предлогот.

Ивановски и денес, не може да се помири со неправдата. Тој реагираше по инцидентот на заменик-министерот Диме Спасов и реакцијата на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и резигнирано изјави за ЦИВИЛ Медиа, дека државата за некого е мајка, а за некого е лоша маќеа.

„Пред некој ден, заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на полноќ, по работното време, направил сообраќајка, и наместо да одговара за направениот прекршок и да си ја признае вината, од неговата партија ВМРО- ДПМНЕ, излегоа со соопштение во кое велат: ‘Што се 150 евра материјална штета?’. Ете, сега, и јас ги прашувам, колкава штета направив јас, со службеното возило што го возев по работното време, од Здравствениот дом ‘Јане Сандански’ до Царинската управа, за да добијам отказ?! Според логиката на ВМРО- ДПМНЕ, јас со моето постапување ја оштетив државата, помалку и од еден литар бензин“, изјави Ласте Ивановски за ЦИВИЛ Медиа.

14937921_1389332594428253_97078017_n

Ивановски се надева дека наскоро, правниот систем конечно ќе профункционира и дека законот ќе важи еднакво за сите граѓани.

Дехран Муратов

 

 

 

 

Tags: Ванчо КарговДиме СпасовнеправдаЦаринска управа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ