• Latest

ДЗР: Низок степен на реализација на владините мерки за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам

August 12, 2022

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

ДЗР: Низок степен на реализација на владините мерки за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам

August 12, 2022 11:10
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за ревизија (ДЗР) на својата веб-страница го објави конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Ефикасност на преземените мерки и политики за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам“. Во него констатира дека мерките имале делумно влијание за ефикасно справување со последиците од пандемијата, дека има низок степен на реализација на владините мерки во секторот туризам, како и дека недостапноста на навремени, консолидирани и јасни податоци за доделената финансиска поддршка оневозможува да се изготвуваат навремени и ефикасни анализи за ефектот на владините мерките во секторот туризам, пренесува МИА.

-Со ревизијата на успешност го опфативме периодот од 2018 до 2021 година, како и одредени прашања до денот на известување од извршената ревизија. Целта на извршената ревизија e да се даде одговор на прашањето „Дали преземените мерки и политики од страна на Владата и надлежните институции се во функција на развој на туризмот и намалување на ефектите од кризата од пандемијата во секторот туризам?”. Со ревизијата е утврдено дека има потреба од измени на законската регулатива поради потешкотии во имплементацијата на законските решенија, што води кон отежната реализација на програмите за развој на туризмот, велат од ДЗР и додаваат дека нискиот степен на реализација на мерките од областа туризам не одговара на поставените цели за справување со кризата од пандемијата.

Нагласуваат дека ревизорите констатирале оти креирањето на мерките и политиките треба да се врши со среднорочно и долгорочно стратешко планирање на државно ниво, со дефинирање на цели и приоритети, како и потреба од анализа за влијанието на мерките со што ќе се обезбеди следење на ефикасноста од нивното спроведување и ќе се дадат идни насоки за постапување.

-Недостапноста на навремени, консолидирани и јасни податоци за доделената финансиска поддршка оневозможува да се изготвуваат навремени и ефикасни анализи за ефектот на мерките во секторот туризам. Ревизорите утврдија низок степен на реализација на мерките во секторот туризам кој не одговара на поставените цели за справување со кризата од пандемијата, се порачува во извештајот од ДЗР.

Реализацијата на мерката „ваучери за домашен туризам“, како што се истакнува, е 55 отсто од планираните 704.106.000 денари, мерката „грант за туристички водичи“ е реализирана со 52 отсто од планираните 9.800.000 денари, мерката „грант за туристички агенции“ е реализира со 68 отсто од планираните 116.850.000 денари, повратот за туристичка такса за 2019 година е 48 отсто од планираните 120.000.000 денари, целосно е нереализиран проектот „хотели надвор од туристичките центри“ во вредност од 64.600.000 денари, а мерката „финансиска помош за туристички агенции“ е реализира со 61 отсто од планираните 86.100.000 денари.

Со анализата на Националната стратегија за развој на туризмот 2016-2021 и Акцискиот план 2019-2021, ревизорите констатирале дека не се следи реализацијата на планираните активности и дека е незадоволителен степенот на имплементација на активностите од Акцискиот план, што влијае на планирањето, креирањето, донесувањето и имплементацијата на политиките и мерките во областа туризам. Во делот на реализацијата на програмските активности на надлежните институции за туризам е утврдено континуирано намалување на Буџетот за период 2018-2021 година, со исклучок на 2020 година.

Исто така, утврдена е потреба од унапредување на институционалните капацитети, соработка и координација на активностите на  централно и локално ниво и формирање на Комитет за туризам како орган од највисок ранг надлежен за туризмот во земјата.

-Со престанок на работата на Координативното тело за туризам не постои целосна координација меѓу институциите и носителите на секторот туризам, а поединечното делување доведува до намалување на влијанието на секторот при креирањето на интервентни политики за справување со кризата од Ковид-19, видот на мерките, нивното навремено носење и брза реализација. Во однос на креирањето на економските мерки за справување со пандемијата утврдено е отсуство на документација за извршена претходна анализа и проценка при креирањето на мерките на која се базира планираниот опфат и потребните средства за секоја економска мерка, условите и критериумите за нивно доделување, како и анализа за влијанието на мерките и утврдување на целта што треба да се постигне на краток, среден и долг рок. Ваквата состојба го отежнува следењето на успешноста од спроведување на мерките, како и отсуство на идни насоки за постапување, се констатира во извештајот од ДЗР.

Се посочува дека Владата нема воспоставено систем за следење на секоја мерка одделно и не е развиена и објавена централна база на податоци во која на дневно или месечно ниво би се објавиле информации за степенот на реализација на секоја поединечна мерка со податоци за планираните средства,  бројот на деловни субјекти и граѓани за кои е наменета мерката, изворот на средствата, степенот на нивната искористеност и неискористеност, причините за не реализираност на мерката.

Во однос на контролата над исполнувањето на условите за доделената финансиска поддршка на туристичките агенции од шестиот пакет на мерки, ревизорите констатирале дека не е утврден начинот на кој ќе се врши контролата за исполнување на условите, ниту, пак, е определена надлежната институција која ќе ја врши контролата и мерки кои ќе се преземат во случај на неисполнување на критериумите и неизвршен поврат на средства.

-Со спроведената ревизија е добиено разумно уверување дека Владата преку донесените антикризни мерки за поддршка на економијата/туристички сектор, кои се фокусирани на граѓаните, нивните работни места, социјалната сигурност, солидарност и креирање амбиент за полесно надминување на економските последици од корона вирусот, како и програмските активности на надлежните институции за туризам имале делумно влијание за ефикасно справување со последиците од пандемијата и намалување на ефектите од кризата во секторот туризам, се посочува во извештајот од ДЗР што е објавен денеска.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ