• Latest

ДЗС: Почнува самопопишувањето во странство

February 27, 2021
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Запорижја, рано наутро, 28 септември 2025, погодени станбени згради (фото извор: Запорижска регионална администрација)

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Масивен напад со ракети и дронови врз цивилни цели, загина 12-годишно девојче

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ сo ултиматум до Обвинителството и Судот, бараат одговори до 3 октомври

September 28, 2025
Илустрација ВИ

Од полноќ официјално почнува кампањата за Локалните избори 2025

September 28, 2025

Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

September 28, 2025

Белгија: Заемот од ЕУ за репарација за Украина „никогаш нема да се реализира“

September 27, 2025

Неидентификувани дронови надлетувале над најголемата воена база во Данска

September 27, 2025

Планот на Трамп за Појасот Газа содржи 21 точка

September 27, 2025
Фото: yenisafak.com/

Палестинската самоуправа ќе добие помош од 170 милиони долари

September 27, 2025
Фотографија: ВИ

Од автобуси и депонии до „црвени линии“: Зошто локалните избори се претвораат во геополитички театар?

September 27, 2025

Надградбата на граничниот премин Евзони ќе ги намали гужвите, но воведувањето на ЕЕС системот може да го отежне функционирањето

September 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

ДЗС: Почнува самопопишувањето во странство

February 27, 2021 13:54
in ВЕСТИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, во просториите на Министерстово за надворешни работи се одржа тематска прес-конференција за почетокот на попишувањето во странство на која присуствуваа директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовкси, и министерот за надворешни работи, д-р Бујар Османи. На прес-конференцијата јавноста се информираше дека попишувањето од странство започнува на 1 март 2021 година, и истото опфаќа два аспекта:

 

  • Попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив во странство, македонските државјани на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата на Република Северна Македонија во странство и граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица како и сите лица – државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој. Попишувањето на овие македонски државјани ќе се одвива во периодот од 1 до 15 март 2021 година
  • Самопопишување на македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, подолго од 12 месеци. Попишувањето на овие македонски државјани ќе се одвива во периодот од 1 март до 21 април 2021 година.

 

Министерот за надворешни работи, д-р Бујар Османи, истакна дека Министерството за надворешни работи, преку дипломатско-конзуларните претставништва ќе биде логистичка поддршка, со цел информирање на македонските државјани во странство и одговарање на прашања. Тој појасни дека во рамките на Министерството веќе се обезбедени посебни линкови и телефони за контакт, а ќе се користат и социјалните мрежи за контакти со македонските државјани во странство.

Понатаму, министерот Османи нагласи дека Пописот е многу важен од аспект на обезбедување на податоци за структурата на македонските државјани кои живеат во странство и ќе даде одлична можност за планирање на политиките на државата кон дијаспората, особено за подобрување на услугите кои Министерството ги нуди кон нив.

Директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски, истакна дека попишувањето од странство претставува сложен и значаен процес бидејќи бара огромна посветеност околу организацијата и реализацијата на активноста за што Министерството за надворешни работи ги става на располагање на сите капацитети на Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство.

„ Процесот на самопопишување ќе се спроведува преку веб-апликација која е многу едноставна и кориснички ориентирана, лесно достапна,  што значи дека секој државјанин на Република Северна Македонија во странство ќе може лесно да ја пополни за многу кусо време, а единствениот услов е да се најави со својата е-маил адреса. Апликацијата е наменета исклучиво за самопопишување од странство, што значи пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен“ – истакна директорот Симовски

Веб-апликацијата е достапна на следниве линкови:

www.stat.gov.mk

https://popis2021.stat.gov.mk

https://census.stat.gov.mk

Понатаму, директорот Симовски рече дека Министерството за надворешни работи и сите дипломатско-конзуларни претставништва на Северна Македонија во странство ќе ги искористат сите можни канали и контакти со здруженија на граѓани, верски здруженија, здруженија на студенти за споделување на информациите за Пописот и самопопишувањето. Сето ова е со цел колку што е можно поголем број на државјани на Северна Македонија кои престојуваат во странство да се самопопишат за да  се добие слика за бројот на лицата кои се отселиле, како и нивната возрасна, образовна и економска структура, од каде се иселиле и во кој период. Овие податоци се од исклучителна важност за анализа и изработка на стратегии и политики за намалување на емиграциониот бран и планирање на развојни политики кои ќе овозможат услови за нивно враќање во татковината.

На крај, директорот Симовски информираше дека во периодот од 1 до 15 март заедно со Министерството за одбрана ќе бидат попишани лицата што за време на Пописот се наоѓаат во служба на Армијата на Република Северна Македонија, во државата или во странство, заедно со Министерството за правда ќе се изврши попишување на лицата што за време на Пописот се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови и заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе бидат попишани лицата бездомници.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Војвотката од Јорк, Сара Фергусон отстранета од три добротворни организации поради е-пошта во која го нарекува Епштајн нејзин „врховен пријател“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ