Дирекцијата за заштита и спасување денеска одбележа 13 години од постоење и работа. Директорот на дирекцијата, Аднан Џаферовски, потенцираше дека приоритет му е подмирување на долговите и меѓународна и регионална соработка со цел Македонија да има модерна и европска цивилна заштита.
„Дирекцијата е клучна институција на цивилната заштита. Со својот постојан и резервен состав таа е прва институција, која што со своите подрачни единици се наоѓа на фронтот на справувањето на државата со евентуални природни и други предизвикани катастрофи. Но, изминатите години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Дирекцијата била руинирана по сите шавови:финансиски, кадровски, техички…“, изјави Џаферовски.
Џаферовски истакна дека до сега, со промената на власта, вратени се речиси половина од финансиските долгови на Дирекцијата кои изнесуваат околу 70 милиони денари и дополнителни 40 милиони денари ненамирени судски, адвокатски, трошоци за извршители и други давачки по овој основ.
Б.Ј.