Гостиварчанецот Нури Бајрами кој до сега беше вработен во Општина Гостивар, а од сега под заклетва ќе биде еден од членовите на Државната изборна комисија, според информациите што излегоа во медиумите, излезе дека е во роднинска релација, односно баџнак, со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Бајрами смета дека нема ништо спорно во неговиот избор, со оглед дека не се во директна роднинаска врска со Џафери, кој воопшто не бил ни дел од Комисијата за селекција, ниту пак во Комисијата за избори и именувања.
Бајрами, како и останатите членови, даде свечена заклетва дека пескомпромисно и професионално ќе се бори против корупцијата.
Б. Ј.