• Latest

Една година без руски гас: Автогол на Русија?

September 1, 2023

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Една година без руски гас: Автогол на Русија?

September 1, 2023 08:54
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Русија повеќе од половина век за Европа беше доверлив добавувач на енергенси, кој своите договорни обврски ги исполнуваше дури и во најкритичните периоди од Студената војна. Таквиот имиџ одигра клучна улога Германија да ја зголеми својата зависност од рускиот гас. Економскиот мотор на Европа врз ваквата основа го разви својот бизнис модел за извоз на стока произведена со евтини енергенси.

Тоа функционираше сѐ до февруари 2022, кога руските сили ја нападнаа Украина, по што следуваа дотогаш незабележани санкции од Западот против Москва. Гасот, за разлика од јагленот и нафтата од Русија, не беше опфатен со нив дури ни кога Германија, која пред војната повеќе од половина од потребите за гас ги покриваше од Русија, побрза да најде и други извори.

Москва на поддршката на Украина од страна на западните држави одговори со тоа што испораката на гас сѐ повеќе ја користеше како оружје против ЕУ, која претходно повеќе од третина од увозот на гас го покриваше преку Украина. Државниот концерн Газпром своеволно ги намали количините на гас испорачувани преку Северен тек 1, најголемиот гасовод во Европа, а една година подоцна и целосно ги прекина.

Стапицата на Путин

Поради руските мерки, цената на гасот минатиот август се зголеми на рекордни 343 евра за киловат час и ја поттикна инфлацијата, која достигна историски највисоко ниво. Недостигот на гас предизвика страв кај Европејците од студена и темна зима, но најстрашните сценарија сепак не се случија. Европа избегна голема енергетска криза само благодарение на благата зима, намалената побарувачка и поголемиот увоз на течен гас од други места во светот.

„Руската стратегија беше целосно промашена и самоуништувачк“, вели Симон Таљапјетра, експерт за енергетика во бриселскиот тинк-тенк Бругел. „Кремљ мислеше дека средството за притисок ‘испорака на гас’ ќе ја натера Унијата да се откаже од поддршката за Украина, но тоа беше тотално погрешно“, заклучува тој.

Истекување на гас од гасоводот Северен тек
Истекување на гас од гасоводот Северен тек – по исклучувањето имаше уште еден напад, а виновниците сѐ уште не се идентификуваниФотографија: The Swedish Coast Guard/abaca/picture alliance

Загрозен германскиот економски модел

Турбуленциите на пазарот со гас ги присилија индустриите кои користат големи количества енергија, како хемиската бранша и фабрики за производство на ѓубрива или хартија, да затвораат постројки или да го намалат производството. На пример, тоа во Германија околу почетокот на 2022 година беше намалено за една петтина во однос на времето пред војната.

Високите цени на енергенсите нанесоа штета на конкурентноста на Германија, па, според актуелна студија на Германската трговска и индустриска комора, една третина од фирмите поради високите цени на енергијата на домашниот пазар размислуваат производството да го селат во странство, или тоа веќе го сториле. Иако цената на гасот изминатите месеци повторно драстично е намалена – на околу 35 евра за киловат час – таа се сѐ уште значително повисока отколку пред војната.

Резервоарите во Европа се околу 90 проценти наполнети, далеку пред крајниот термин – први ноември. Европа ги надомести руските испораки во најголем дел преку САД, Норвешка и Катар. Побарувачката за гас во услови на намалени производствени капацитети исто така е пониска и така се спречува натамошен раст на цената. Сепак, овој сегмент од пазарот останува ранлив затоа што постудена зима и поголема потреба од гас за греење може брзо да ги испразни резервите.

Русија веќе не е голем играч

Москва сега има удел од само околу 10 проценти во набавките на гас во ЕУ. Во 2022 година извозот преку гасоводи на Западот беше намален за 60 проценти – на 62 милијарди кубни метри гас, па Газпром мораше да го намали своето производство за дваесет проценти. Се очекува количините годинава допоолнително да бидат намалени на десет милијарди кубни метри кои беа испорачани во првите пет месеци од годинава преку преостанатите гасоводни рути.

„Русија ја загуби својата позиција на глобално важен извозник на гас – и тоа трајно”, оценува Таљапјетра за ДВ.

Газпром гас
Газпром мораше да го намали своето производство за дваесет процентиФотографија: Kirill Kudryavtsev/AFP/Getty Images

Гасот е чувствителна материја

Гасот не е толку едноставно да се пренасочи, за разлика од нафтата, која Москва доста успешно, макар и по значително намалени цени, успеа да ја испорачува на други клиенти, како Кина и Индија. Руската гасоводна инфраструктура е конструирана за испорака на гас кон Западот и тешко е на пример Кина на истокот да се снабдува на ист начин.

„Блумберг“, повикувајќи се на податоци од руското Министерство за финансии, тврди дека приходите од продажбата на гас во првите пет месеци од годината биле за речиси 45 проценти пониски од истиот период лани, односно изнесуваат околу 6,8 милијарди евра.

Русија работи на изнаоѓање нови клиенти, како на пример поранешните советски републики Казахстан и Узбекистан, и на проширување на домашната гасоводна мрежа.

За Москва, Кина е алтернатива за големиот европски пазар, но тоа бара изградба на нови гасоводи за проширување на капацитетите на гасоводот „Енергија од Сибир”. „Путин треба да вложи децении за да дојде до капацитетот на гасоводи кон Кина на истото ниво како што беше со Западот”, вели аналитичарот Михаил Крутичин за ДВ и додава дека Кина е воздржана во однос на купување поголеми количества руски гас од досегашните.

греење зима
Резервоарите повторно се речиси полни, но чувството на несигурност останува: дали ќе има доволно гас во зима?Фотографија: Jan Woitas/dpa-Zentralbild/dpa/picture alliance

Европа и течниот гас од Москва

Има гласови кои бараат да се прекинат испораките на течен руски гас кои продолжуваат, макар и во многу мал процент во споредба со претходните количини кои ги увезуваше ЕУ.

Испораката не само што ги спречува плановите на ЕУ до 2027 година да стане целосно независна од фосилни енергенси од Русија, туку и помага да се одлеваат милијарди во Москва кои му помагаат на Владимир Путин да ја финансира војната. Еврокомесарот Кадри Симсон ги предупреди европските фирми да не склучуваат нови договори со руски производители на гас затоа што тоа „ќе им го нарушело угледот”.

Оние кои и натаму пазарат гас од Русија посочуваат на правни потешкотии ако без европски обврзувачка регулатива не си ги исполнуваат договорните обврски. Земји како Австрија и Унгарија кои немаат крајбрежје, се жалат на недостиг од алтернативи ако краткорочно мора да ги променат рутите на снабдување.

Холандија и Шпанија пак веќе преземаат чекори за да не мора во иднина да купуваат руски течен гас, но без да има обврзувачки санкции целосното откажување од него може да потрае.

Германија | гасовод | Северен тек 2
Цевки за Северен тек 2 – на Москва ќе ѝ требаат многу вакви цевки за гасоводи до КинаФотографија: Jens Buettner/AP Photo/picture alliance

Рускиот автогол

За Москва, војната со гасот, која ја натера Европа да бара други добавувачи и да ја забрза својата „зелена енергетска иднина”, трајно го уништи статусот на најважниот снабдувач на Европа со гас.

„Иако Русија во иднина може да понуди гас за многу ниски цени, Европејците сега знаат дека Москва секој договор може да го прекрши од политички причини”, вели Крутичин и додава дека „не е возможно да се потпреш на договори со руските претставници. На Русија не може да ѝ се верува”.

Извор: Дојче Веле / Пандеј Ашутош

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    211 shares
    Share 84 Tweet 53
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ