Едно лице загина во Турција откако земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди северозападната покраина Баликешир во неделата вечерта, пренесува Би-би-си.
81-годишна жена почина кратко откако беше извлечена од урнатините во градот Синдирги, кој беше епицентарот на земјотресот, изјави турскиот министер за внатрешни работи.
Шеснаесет згради се урнаа како резултат на потресите, а 29 лица се повредени, додаде Али Јерликаја.
Турската агенција за управување со катастрофи соопшти дека земјотресот е регистриран околу 19:53 часот по локално време (16:53 часот по Гринич) и бил почувствуван дури до Истанбул.
Операциите за пребарување и спасување сега се завршени, а министерот за внатрешни работи рече дека нема други знаци на сериозна штета или жртви.
Сепак, сликите од Синдирги покажуваат големи згради целосно срамнети со земја и огромни купови извиткан метал и остатоци.
Д. Мишев