• Latest

Едвард Џозеф: Северна Македонија треба да го искористи скрининг процесот и да се фокусира на реформите

September 22, 2022
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Едвард Џозеф: Северна Македонија треба да го искористи скрининг процесот и да се фокусира на реформите

September 22, 2022 14:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СООПШТЕНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај тоа што францускиот предлог не е избалансиран Северна Македонија треба да го искористи скрининг процесот и да се фокусира на реформите кои се важни за граѓаните и ќе ја придвижат земјата напред, изјави Едвард П. Џозеф од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс (Johns Hopkins School of Advanced International Studies) од САД.

-Преспанскиот договор беше постигнат на фер основа бидејќи, иако Грција беше членка на НАТО и ЕУ, преговорите се водеа на еднаква основа и беше постигнат фер компромис со отстапки од Грција и од Северна Македонија. Францускиот предлог пак воопшто не ја засегна предноста на Бугарија и тој го одразува тоа. Тоа, е вели, исто така е грешка и на САД и на ЕУ, бидејќи создава лош преседан во Унијата. До граѓаните на земјата е да решат, дали тој го загрозува или не македонскиот идентитет. Но сакам да подвлечам дека е важно да се искористат предностите од скрининг процесот, без оглед на Бугарија. Тој не е во интерес на Бугарија, туку на граѓаните на оваа земја. Искористете го и направете максимум во реформите за владеење на правото, борбата против корупцијата и други важни реформи кои ќе ја придвижат земјата напред и ќе им покажат на граѓаните дека тоа е реално и е важно, вели Џозеф на новинарско прашање кој денеска учествуваше на годишната меѓународна конференција „Редефинирани приоритети: нови реалности по украинската криза“ во Скопје.

Тој смета дека со оглед на тоа дека САД и ЕУ не успеаја да ја стават Бугарија на исто ниво со Северна Македонија, како што беше со Грција, и и овозможија да ја зачува нејзината предност, Северна Македонија треба да бара од САД, особено од Франција, но и од Германија, па и од Велика Британија афирмација на македонскиот идентитет, цврсто признавање на македонскиот народ, македонскиот јазик, па и на аспекти од македонската историја, и тие можат да го направат тоа.

Иницијативата Отворен Балкан според него, е добра за земјите од регионот во однос на трговијата, но е лоша идеја тоа да се прави со режим кој е, вели, креиран за да ја зголеми српската политичка моќ која има најголема економија со трговски суфицит со многу држави во регионот. -Србија е автократија не е демократија и се движи во погрешна насока, а во контекст на Русија и Украина, тоа значи нестабилност, додава тој.

-За Северна Македонија е добро да има добри односи со сите соседи вклучувајќи ја и Србија, добри трговски односи. Вашата земја и регионот се посветени на европска и евроатлантската интеграција, но Србија се противи на НАТО со тоа што ја поддржува Русија, промовира руски наративи и Отворен Балкан начинот на кој е дизајниран и овозможува поголемо политичко влијание на Србија во регионот, што води кон нестабилност. За вашата безбедност, како мала земја, која се соочува со закани од Бугарија, она што и треба е да не биде под српскиот чадор. Вашата безбедност треба да ја барате под чадорот на НАТО и ЕУ и да одржувате добри односи со сите земји, со Косово и Грција. Треба да го балансирате Отворен Балкан со „здрав триаголник“ Скопје – Приштина и Атина, со земји кои ги почитуваат постојните граници и идентитети, смета американскиот експерт за регионот.

Тој појаснува дека српскиот национализам води кон албанскиот национализам, едниот го промовира другиот национализам, а „Голема Албанија е целосно деструктивна за оваа земја“, иако, вели не може да каже дека Албанците го бараат тоа. Во однос на бугарскиот национализам Џозеф вели дека тоа е вистинска закана бидејќи Бугарите посегаат по историјата и идентитетот на земјава, што е нечуено. Тоа, според него е кршење на духот и словото на Договорот за пријателство, а однесувањето на Бугарија е се само не пријателско.

-Заканата од Бугарија е реална, а она што ви останува е да ја искористите предноста од скрининг процесот. Не се потребни уставни измени во моментов и треба да се фокусирате на реформите, кои се во интерес на земјава. Искористење ја и предноста од претседавањето со ОБСЕ. Тоа е огромна можност во историско време кога се случува војна меѓу Русија и Украина, која има импликации на целиот свет. Вашата земја ќе ја води организацијата, која е формирана за безбедноста на истокот и западот и тоа е огромна можност и привилегија за вашата земја да го демонстрира тоа лидерство во ваков клучен момент во историјата, потенцира американскиот професор.

За уставните измени, тој укажува на изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека во моментов нема услови за тоа, но повтори, важно е што гласањето не треба да се случува денеска и дека земјата треба да се фокусира на реформите.

Во однос на брифирањата во Стејт департментот дека повеќе од 300 милиони долари биле уплатени на сметки на непартиски и владини структури во источноевропските земји, Џозеф посочува дека Извештајот е потврда на континуираната закана од страна на Русија и земјите кои се на линија со неа, „како Србија и Александар Вучиќ, кои одбија да воведат санкции против Москва, поради што и безбедноста на земјава е во опасност од земји кои кои ја поддржуваат Русија“.

На конференцијата на тема „Редефинирани приоритети: Нови реалности по украинската криза“, во организација на Универзитетот Американ колеџ и UNHCR во Северна Македонија, учествуваа околу 20 панелисти од земјава и од странство, а меѓу говорниците беше и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ