• Latest

ЕК: Земјите на ЕУ имаат право да одбијат барање за азил на руски граѓани ако постои ризик

September 22, 2022

Димитриевски и официјално кандидат за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар

September 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

На 10 септември седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР и надзорна посета во просториите на АНБ

September 5, 2025

ОН: Суданските паравоени Сили извршија злосторства против човештвото

September 5, 2025

Европската Комисија го казни Гугл со 2,95 милијарди евра за кршење на антимонополските правила

September 5, 2025
Даунинг стрит

Британската вицепремиерка Рејнор поднесе оставка, на нејзино место доаѓа Дејвид Лами

September 5, 2025

Шекеринска во посета на Бугарија: Ќе ги посети трупите на НАТО и ќе присуствува на вежбата „Бугарија 2025“

September 5, 2025
Фото: МИА

Кошта со Жељазков: Разумно е за Северна Македонија да нема нови барања, но Бугарите во Уставот е услов без кој не се може

September 5, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљаловска Давкова

Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста

September 5, 2025

Присуството на делегациите на Словачка, Унгарија и Бугарија на парадата во Кина ги поткопува напорите на ЕУ за мировен договор и повоена поддршка за Украина

September 5, 2025

Седницата за АНБ и АР одложена – дилеми околу Деловникот и иницијативата, Петровска спремна во кое било време да ја одржи

September 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕК: Земјите на ЕУ имаат право да одбијат барање за азил на руски граѓани ако постои ризик

September 22, 2022 14:06
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По сликите на масовно бегање од Русија вчера и најавите на некои земји дека нема да ги пропуштаат на своја територија, Европската Комисија вели дека правото на ЕУ мора да се почитува, но дека секоја земја членка има право да одбие барање за азил, јави дописничката на МИА од Брисел.

Руските резервисти, кои масовно од вчера се обидуваат да ја напуштат земјата откако претседателот Владимир Путин најави делумна мобилизација во пресрет на референдумите во Донбас, се соочуваат се неодамнешната одлука на ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија. Згора на тоа некои од соседните земји на Русија најавија дека нема да пропуштаат руски граѓани ниту по вчерашните најави на Путин.

Денеска новинарите од Европската Комисија бараа одговори за законитоста на ваквите одлуки, но и политичките последици на ненепропуштањето на лица кои не ја поддржуваат војната на Кремљ.

Од Европската Комисија добија релативно штури одговори.

Комисијата повтори дека правото на ЕУ во ниеден случај не е променето и дека правото на меѓународна заштита и азил останува загарантирано.

-Пристапот за лица кои бараат заштита мора секогаш да биде загарантирано, законската рамка не е променета, изјавија портпаролите на Европската Комисија, Анита Хопер и Ерик Мамер, за време на долга размена со новинарите во Брисел попладнево.

Но, додаваат тие, мора да се има предвид ризикот за безбедноста на земјите членки на ЕУ, на што се повикаа некои источноевропски држави вчера.

-Одредбите на граничниот код Шенген дозволува одбивање за внатрешни безбедносни причини и јавен ред, рече Анита Хопер, додавајќи дека е потребно да се елаборира заеднички пристап на ниво на ЕУ и да се подготват следните чекори, со оглед на тоа дека ова е новонастаната ситуација на границите на ЕУ.

Хопер истакна дека „ситуацијата е без преседан“.

-Мораме да ги имаме предвид геополитичките преокупации и ризиците, и барањата за виза мора да бидат проценети индивидуално, во тесен контакт сме со земјите членки за ова, изјави портпаролката Анита Хопер.

Таа потврди и дека се работи со Фронтекс за да им се помогне на земјите членки во управувањето со надворешните граници на ЕУ, која, како што рече “мора да биде во согласност со правото на ЕУ вклучително и темелните права“ во однос на процедурите за барање на азил.

Портпаролот Петер Стано од своја страна увери дека одамна веќе на министерско ниво се разговара на овие теми и дека се бара најдобар начин да се помогне на Украина и да се поддржат лицата кои се борат против режимот на Путин.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ