• Latest

ЕК: Земјите на ЕУ имаат право да одбијат барање за азил на руски граѓани ако постои ризик

September 22, 2022
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕК: Земјите на ЕУ имаат право да одбијат барање за азил на руски граѓани ако постои ризик

September 22, 2022 14:06
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По сликите на масовно бегање од Русија вчера и најавите на некои земји дека нема да ги пропуштаат на своја територија, Европската Комисија вели дека правото на ЕУ мора да се почитува, но дека секоја земја членка има право да одбие барање за азил, јави дописничката на МИА од Брисел.

Руските резервисти, кои масовно од вчера се обидуваат да ја напуштат земјата откако претседателот Владимир Путин најави делумна мобилизација во пресрет на референдумите во Донбас, се соочуваат се неодамнешната одлука на ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија. Згора на тоа некои од соседните земји на Русија најавија дека нема да пропуштаат руски граѓани ниту по вчерашните најави на Путин.

Денеска новинарите од Европската Комисија бараа одговори за законитоста на ваквите одлуки, но и политичките последици на ненепропуштањето на лица кои не ја поддржуваат војната на Кремљ.

Од Европската Комисија добија релативно штури одговори.

Комисијата повтори дека правото на ЕУ во ниеден случај не е променето и дека правото на меѓународна заштита и азил останува загарантирано.

-Пристапот за лица кои бараат заштита мора секогаш да биде загарантирано, законската рамка не е променета, изјавија портпаролите на Европската Комисија, Анита Хопер и Ерик Мамер, за време на долга размена со новинарите во Брисел попладнево.

Но, додаваат тие, мора да се има предвид ризикот за безбедноста на земјите членки на ЕУ, на што се повикаа некои источноевропски држави вчера.

-Одредбите на граничниот код Шенген дозволува одбивање за внатрешни безбедносни причини и јавен ред, рече Анита Хопер, додавајќи дека е потребно да се елаборира заеднички пристап на ниво на ЕУ и да се подготват следните чекори, со оглед на тоа дека ова е новонастаната ситуација на границите на ЕУ.

Хопер истакна дека „ситуацијата е без преседан“.

-Мораме да ги имаме предвид геополитичките преокупации и ризиците, и барањата за виза мора да бидат проценети индивидуално, во тесен контакт сме со земјите членки за ова, изјави портпаролката Анита Хопер.

Таа потврди и дека се работи со Фронтекс за да им се помогне на земјите членки во управувањето со надворешните граници на ЕУ, која, како што рече “мора да биде во согласност со правото на ЕУ вклучително и темелните права“ во однос на процедурите за барање на азил.

Портпаролот Петер Стано од своја страна увери дека одамна веќе на министерско ниво се разговара на овие теми и дека се бара најдобар начин да се помогне на Украина и да се поддржат лицата кои се борат против режимот на Путин.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ