• Latest

Еколошки петарди и огномети

January 3, 2022
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Еколошки петарди и огномети

January 3, 2022 14:55
in ЗЕЛЕНИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕЛИН СТОЈАНОВСКИ

Како се приближуваше Новата година, вообичаената тишина одненадеж беше прекинувана со силно ехо предизвикано од пиротехнички средства познати под името петарди. По падот на првиот мрак на силниот татнеж се придружуваа и светлосни огнометни топки чија боја тешко можеше да се определи од густината на веќе загадениот воздух.

Во моментот кога стрелките на часовникот означија почеток на Новата година чинам илјадници експлозии во плотуни одекнуваа од сите страни, а светлосните топки од огнометите  го осветлија градот. Оваа ерупција на пиротехничка радост што стасала Новата, поубава година, траеше без малку половина час. Татнежот и светлосните топки згаснаа, а низ загадениот воздух се чувствуваше непријатен мирис на барутните честички. Така беше на мојата улица во мојот град. Верувам дека така било насекаде во светот. Новата година пристигна со звучен и светлосен ефект предизвикан од експлозии на илјадници тони пиротехника.

Воодушевени од ефектот на пиротехниката најверојатно сите се препуштија на традиционалното наздравување и честитање. Во тоа честитање вообичаено сите си посакуваме добро здравје, мир и благосостојба. Истовремено некои медиуми пренесуваа вести за спектакуларни огномети во светските метрополи и за миг заборавија да не потсетат колку и каде е најзагаден воздухот. Си помислив, можеби овие нови петарди и огномети се еколошки и го прочистуваат воздухот.

Желбите навистина се убави. Проблемот е дали и колку потрошената пиротехника како предновогодишен и новогодишен декор придонесува дополнително да се зголеми и така енормното аерозагадување?! Љубителите на пиротехниката и тие што добро заработуваат од производството и препродажбата на истата ќе речат дека тоа е капка во океанот. Можеби е капка на локално рамниште?! За сите огномети на глобално рамниште се трошат илјадници тони нискоквалитетен и загрижувачки опасен барут. Сите тие локални капки ако ги собереме на едно место преставуваат силни загадувачи на атмосферата со несогледливи последици.

Како можеме да посакуваме мир со пиротехника кога звукот од петардите предизвикува стрес. Потсетете се само колкумина на глобално рамниште завршуваат со сериозни последици од мирната употреба на пиротехника. За жал, не е мал ни бројот кои завршиле фатално.

Како можеме да посакуваме благосостојба со пиротехника ако милиони гладуваат, а за само еден „спектакуларен“ огномет во поголемите светски метрополи се трошат по неколку милиони евра. Експертите лесно можат да пресметаат колку средства се трошат ако за еден мал професионален огномет во мало населено место се потребни неколку илјади евра, а многу граѓани љубители на пиротехниката трошат стотици евра за петарди и огномети.

Сите тие потрошени евра за пиротехника непотребно и за миг согоруваат пред нашите очи и ни ја загадуваат атмосферата. Додека еколошките здруженија мака мачат да ги поттикнат владите да обезбедат средства за заштита на животната средина во светот се трошат неколку милијарди евра за илјадници тони пиротехника со која ја загадуваат истата таа животна средина.

Каков апсурд?! Каде е тука логиката?

Можеби навистина некој ќе се обиде сите нас да не убеди дека барутните честички и чадот од петардите и огнометите се еколошки.

Пиротехничкиот декор за Нова година е нов тренд кој започна во последната деценија од минатиот век и во многу придонесе во глобалното затоплување и загадување на животната  средина. Замислете што ќе се случеше со земјината топка ако  пред сто или илјада години  нашите предци вака неконтролирано за личен ќеиф користеле тони и тони пиротехника?!

Убаво е да се прославува и да се ужива во пречекот на Новата година но во интерес на нашите поколенија и тие да уживаат во нивните прослави потребно е што побрзо на глобално рамниште целосно да се забрани пиротехниката.

 


Авторот е магистер по национална безбедносна стратегија и е еден од основачите на Центар за антитероризам и мир „Гардиан“ – Куманово.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ