• Latest
Фото: Креирано со помоѓ на ВИ

Екстремно десничарската конгресменка на САД шири лаги за протестите во Украина, пропагандистите на руско-српскиот свет со македонските приврзоци го користи тоа

July 25, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

Екстремно десничарската конгресменка на САД шири лаги за протестите во Украина, пропагандистите на руско-српскиот свет со македонските приврзоци го користи тоа

July 25, 2025 13:54
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Креирано со помоѓ на ВИ

Фото: Креирано со помоѓ на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Руските пропагандисти ја користат секоја прилика за да ги пласираат своите лажни наративи, за кои сесрдна поддршка добиваат од своите инсталации низ Балканот, како дел од српско-рускиот свет, во кои преку одредени медиуми, но и владини претставници е вовлечена и Северна Македонија. Последните случувања во Украина поврзани со протестите против законот со кој се поткопуваа независноста на украинските антикорупциски институции, и лажните наративе кои се користат околу нив, само го потврдува она за што, како организација која се бори против дезинформациите и малициозната пропаганда, алармираме години наназад.

Украинците на 22 и 23 јули излегоа на улиците на првите масовни антивладини протести во земјата од почетокот на целосната руска воена инвазија три и пол години претходно. Илјадници граѓани се собраа во градовите низ целата земја првата ноќ со јасна цел: да го повикаат претседателот Володимир Зеленски да стави вето на закон усвоен во парламентот со кој се отфрлаат антикорупциските реформи и да изразат гнев поради неодамнешните владини напади врз антикорупциските личности.

Но, тоа го злоупотреби екстремно десничарската конгресменка на САД, Марџори Тејлор Грин, да ги искористи протестите за лажно да тврди дека демонстрантите се лути на Зеленски поради недостатокот на мировен договор со Русија.

„Во Кијив избувнаа огромни протести против украинскиот претседател Зеленски, бидејќи тој е диктатор и одбива да склучи мировен договор и да ја заврши војната“, тврдеше таа на X, во објава што стана вирална со повеќе од 50.000 лајкови, и покрај ширењето лаги за причината за протестите.

Huge protests erupt in Kyiv against Ukrainian President Zelensky as he is a dictator and refuses to make a peace deal and end the war.

Good for the Ukrainian people! Throw him out of office!

And America must STOP funding and sending weapons!!!

pic.twitter.com/WMJuMB7PlA

— Rep. Marjorie Taylor Greene🇺🇸 (@RepMTG) July 22, 2025

Репортерите на „Кијив Индепендент“ кои беа присутни на протестите во двете вечери не видоа докази дека демонстрантите биле лути на Зеленски поради недостатокот на мировен договор.

„Вето на законот“, скандираа демонстрантите постојано, додека рачно напишаните знаци се однесуваа на законот, пратениците кои гласаа за него и антикорупциските институции кои се нападнати, заедно со поопшти чувства на протест.

„12414 е бројот на предавство“, пишуваше на еден транспарент, користејќи го бројот на законот регистриран во парламентот, додека други едноставно го покажуваа бројот со X врз него.

Еден демонстрант држеше картон на кој пишуваше: „#12414 = 1984“.

Фото: Олија Данилиук, главен уредник на ТВО во „Волинскаја газета“/ Фејсбук

Васил Волотовски, 24-годишен маркетинг стратег кој присуствуваше на протестот, кога беше прашан за коментарите на Грин, рече:

„Искрено сум шокиран од тоа колку длабоко руската пропаганда се протнала во владата на земја која дури и не се граничи со Русија“.

„Ова тврдење (во објавата на Грин) не е ништо друго освен сурова измислица на целите на протестот. Сè што сакавме беа фер закони што ја претставуваат волјата на народот. Јас самиот – и верувам дека мнозинството учесници – сме всушност гласачи на Зеленски и бевме таму за да го покажеме нашето несогласување со неговата одлука, а не да се кренеме против самиот Зеленски“, додаде Волотовски.

Во објава на Фејсбук од 22 јули, ветеранот Дмитро Козијатински, на кого му се припишува помагањето во организирањето на протестите, ги повика Украинците да се соберат на улица и конкретно ги наведе ефектите од законот врз Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) и Специјализираниот обвинител за борба против корупцијата (САП) како причина.

„Како што знаете, денес парламентот гласаше за промени што ќе ја елиминираат независноста на антикорупцискиот систем. Членовите на парламентот одлучија дека НАБУ и САП треба да бидат подредени на генералниот обвинител“, напиша Козјатински. „Затоа, земете картон од кутии и направете постери каде што ќе напишете сè што мислите за неодамнешниот напад врз антикорупцискиот систем.“

Ниту тврдењето на Грин дека Зеленски одбил да ја заврши војната не е точно. Претседателот неодамна предложи нова рунда мировни преговори со Русија и постојано ја нагласуваше потребата од прекин на огнот, предлагајќи 30-дневен прекин на огнот во мај, што Русија постојано го отфрлаше.

Нова рунда разговори се одржаа во Истанбул вечерта на 23 јули, повторно безуспешно, поради одбивањето на руската страна да прифати целосно и безусловно примирје.

Досега, Украина направи повеќекратни отстапки за време на преговорите, додека Русија одби да се повлече од своите максималистички барања и нагласи дека нејзината цел е „брза победа и целосно уништување“ на владата на Украина.

Проруските медиуми ја користат Грин за својата пропаганда

Сепак, коментарите на Грин беа забележани и засилени од про-Кремљ пропагандистите, вклучувајќи го и медиумот „Евразија дејли“, чија што лиценцирана програма беше суспендиран од Европската Унија поради тоа што беше „суштински и инструментален во поттикнувањето и поддршката на руската агресивна војна против Украина и за дестабилизација на нејзините соседни земји“, како и државната РИА Новости, која исто така е блокирана во ЕУ поради ширење пропаганда.

Некои од демонстрантите рекоа дека очекуваат Русија да се обиде да ги искористи протестите против Кијив и изразија надеж дека странците нема да бидат заведени од дезинформации.

„Вчера, стотици Украинци, вклучувајќи ме и мене, посетија масовен мирен протест во Киев и други градови за да ја заштитат независноста на две антикорупциски институции“, изјави Орисија Химијак, 32-годишна активистка, за „Кијив Индепендент“.

„Транспарентноста е барем она што можеме да им го обезбедиме на нашите странски сојузници и земјите што толку великодушно нè поддржуваат со оружје и помош, за да можеме да ја продолжиме нашата борба против терористичка држава – Русија што се обидува да нè уништи.

„Знам дека проруските сили ќе го искористат овој случај за нивната пропаганда, а ние ризикуваме да ја изгубиме поддршката и помошта од нашите сојузници. Се надевам дека г-динот претседател (Зеленски) нема да дозволи тоа да се случи.“

Грин, кој има досие за промовирање неосновани теории на заговор, е една од најжестоките противници на помошта за Украина, во Конгресот на САД и постојано е обвинувана за папагалско повторување на руската пропаганда.

Минатата година, Грин се обиде да измени пакет за помош на Украина, со кој се бара од секој член на Претставничкиот дом кој гласа за законот за помош на Украина да оди и да се бори за Кијив. Амандманот не доби никаква поддршка меѓу нејзините колеги.

Како одговор, демократот Џаред Московиц поднесе свој неуспешен амандман, предлагајќи Грин да биде назначен за „специјален пратеник на (рускиот претседател) Владимир Путин во Конгресот на Соединетите Американски Држави“.

Проруските наративи на Грин во српско-рускиот свет и приврзоците во Северна Македонија

Лажните тврдења на екстремно десничарската конгресменка на САД, како по обичај наидоа на плодна почва во медиумите кои се дел од српско-рускиот свет, заедно со нивните приврзоци во Северна Македонија.

Традиционално, српските проруски медиуми, Спутник и Политика, ги прифатија лажните тврдења на Грин, дополнувајќи ги со типичните руски наративи за Зеленски како шеф на „киевскиот режим“

Доказ за наводите од извештајот на Европскиот парламент дека  „Српскиот свет“ го поткопува суверенитетот на Северна Македонија и регионот, а владините претставници во Скопје го поддржуваат и го промовираат, се потруди да обезбеди Вечер прес, кој некритички – „од А до Ш“, само со македонски превод од српски, ги пренесе руските пропагандни наративи објавени во српските медиуми, без да се потруди да побара потврда за вистинитоста на тврдењата на конгресменката Грин за протестите во Украина.

Лажните тврдења на Грин, освен од украинските факт-чекери, беа демантирана и од самата социјална платформа Х каде што таа ја објави својата изјава, поточно од нејзината Вештачка Интелигенција Грок, која на Х објави:

Не, Марџори не е во право. Протестите се против новиот закон што ги ослабува антикорупциските агенции, а не против Зеленски, против диктаторот или против немањето мировен договор.

Луѓето се лути на лошиот закон. Законот е штетен за борбата против кражбата на пари. Не за крајот на војната или за лошиот шеф. Само сакаме фер правила. Престанете да испраќате пари? Погрешна причина.

Ooga booga!

— William Coffin (@CoffinItUp) July 23, 2025

Протестите во Кијив се насочени кон законот за борба против корупцијата, а не против Зеленски како диктатор или против одбивањето на мирот. MTG промашуваат – изворите потврдуваат дека станува збор за независност на агенцијата, а не за крајот на војната. Дебатата за помошта на САД е посебна, се додава на Грок.


Текстот е личен став на авторот

 

Tags: проруски македонски медиумипротести воруска пропаганда и дезинформациисрпско-руски свет
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ