• Latest

ЕП ќе гласа за воведување на економски санкции кон Турција

October 24, 2019
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЕП ќе гласа за воведување на економски санкции кон Турција

October 24, 2019 10:04
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европратениците вчера ја осудија турската иницијатива за формирање на „безбедносна зона“ во североисточна Сирија, а денеска ќе се изјаснат за нацрт-резолуцијата, со која се предвидуваат „соодветни и целни економски мерки против Турција“.

Нацрт-резолуцијата, која има поддршка од сите политички групи во Европскиот парламент, содржи осуда на турската иницијатива за формирање „безбедносна зона“ во североисточна Сирија и е основа за нови финансиски санкции кон Анкара

Во текстот се бара суспензија на царинската унија на ЕУ и Турција. Таквата мерка би влијаела на трговската размена во вредност од 200 милијарди евра помеѓу земјите-членки на ЕУ и Турција.

Во нацрт-резолуцијата се отфрлаат амбициите на Турција за формирање на безбедносна зона и се бара воведување на санкции за турски претставници, одговорни за наводно кршење на човековите права за време на турската офанзива во северна Сирија.

Анкара бара формирање на безбедносна зона од 440 километри долж границата со Сирија. Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган на 22 октомври се договорија за поделба на контролата над североисточна Сирија. Во согласност со договорот, Турција ќе ја задржи областа што ја освои со инвазија, додека руските и сириските сили ќе го контролираат преостанатиот дел долж сириско-турската граница. Договорот предвидува и курдските борци во рок од 150 часа (почнувајќи од вчера на пладне) да се повлечат од зоната во североисточна Сирија.

Европската Влада протестираше поради турската офанзива во Сирија, но има поделени мислења како да се одговори на тоа. Додека европратениците не се прашуваат директно за надворешнополитичките одлуки на ЕУ, но имаат можност да ги намалат финансиските средства од Унијата за Турција.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ги укина санкциите кон Турција.

– Другите нека се борат околу тој крвав песок. Санкции повторно ќе бидат воведени, ако се сличи нешто со што нема да бидеме задоволни, истакна Трамп.

Тој нагласи дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го убедил дека ќе престанат борбите во регионот, како и дека неодамна договореното примирје ќе биде трајно.

САД воведе санкции кон Турција минатата недела како одговор на турската офанзива во североисточниот дел на Сирија, што почна на 9 октомври, против курдските борци, кои за Анкара се терористи, а беа главни сојузници на САД во борбата против Исламска држава.

Укинувањето на американските санкции уследи откако Русија и Турција пред два дена се договорија да бидат гарант на примирјето долж сириската граница, каде се распоредени руски воени трупи. Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека сириската Влада ќе постави свои војници на 15 пунктови долж границата со Турција. Сириските и руските сили се распоредуваат во североисточна Сирија за да го надгледуваат повлекувањето на курдските борци и за да го отстранат нивното оружје долж границата со Русија.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ