Европската Унија го поздравува тоа што локалните избори во Северна Македонија беа конкурентни и што основните слободи беа во голема мера почитувани, иако тие се одржаа во високо поларизиран политички амбиент и со некои процедурални недостатоци, изјави за МИА портпаролот на Европската комисија за проширување Гијом Мерсие.
– ЕУ ги нотира прелиминарните наоди и заклучоци на меѓународната набљудувачка мисија на локалните избори во Северна Македонија на 19 октомври 2025 година, истакна Мерсие.
Според него, ЕУ ја охрабруваме земјата да ги адресира сите препораки на Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР), вклучително и за измена на Изборниот законик, пренесе МИА.












