• Latest

ЕУ ја потврдува посветеноста на европерспективата на Западниот Балкан, пред Северна Македонија остануваат уставните измени

December 14, 2023

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЕУ ја потврдува посветеноста на европерспективата на Западниот Балкан, пред Северна Македонија остануваат уставните измени

December 14, 2023 09:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија вчера на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел ја потврди својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на земјите од регионот во Унијата и повика на забрзување на процесот на пристапување базиран на веродостојни реформи од нивна страна, фер и ригорозни услови и врз принципот на индивидуални заслуги.

Премиерот Димитар Ковачевски кој ја преставуваше земјава на собирот порача дека предлог заклучоците доставени од Советот за општи работи на ЕУ до лидерите на земјите членки на Унијата во пресрет на денешниот Самит се многу јасни во однос на нашата единствена обврска што треба да ја завршиме пред продолжувањето на европскиот пат.

– Ние секако ќе продолжиме со реформите, а процесот на уставните измени е процес којшто ќе продолжи, којшто е неминовен и којшто на крајот ќе резултира со успешно завршување на тој процес, успешно завршување на преговорите и да станеме земја членка на ЕУ, порача Ковачевски при пристигнувањето на Самитот.

Тој посочи дека по успешно завршениот скрининг процес, што е признато и од ЕУ, мора да продолжи дискусијата, амандманите на Уставот ќе бидат донесени и веднаш ќе биде одржана втората меѓувладина конференција со што ќе продолжи пристапниот процес, кој неминовно ќе заврши со влез на земјава во Унијата.

– Сега се зависи од нас. Да имаа сите политички актери во нашата држава позиција како што има владејачката коалиција, денес ќе беше и подруга ситуација. Ние ќе зборувавме за отворање на поглавјата и кластерите, додаде Ковачевски.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел порача дека на Самитот ЕУ-Западен Балкан е споделена заедничката посветеност на заложбата за доближување на Западниот Балкан до ЕУ, преку јасно утврдени патокази за спроведување на реформи и зајакнување на владеењето на правото.

– Проширувањето е процес базиран на заслуги, но при тоа мораме да ја имаме предвид специфичната состојба во која се наоѓа Европа, истакна Мишел.

Според него, овој Самит ја потврдува цврстата посветеност на Унијата да ги види земјите од регионот како свои членки, но во исто време очекува од нив да го забрзаат процесот на реформи.

Лидерите на Европската унија денеска се заложија за „задржување на строгите ограничувања“ и забрзување на вакцинацијата против коронавирусот поради разните мутации на вирусот.

– Очекуваме повеќе реформи од земјите од регионот на Западен Балкан, особено на полето на владеењето на правото и независноста на судството. И нашата страна ќе го направи својот дел, затоа започнавме стратешка дебата на ниво на лидери за да идентификуваме што треба да направиме, рече Мишел, додавајќи дека сака да види повеќе инвестиции и економски развој за што поскоро да се видат позитивните ефекти од интеграцијата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен порача дека Европската комисија сака отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија по првиот кластер – Основи што е можно поскоро, како и почеток на преговорите со Босна и Херцеговина кога ќе ги исполни поставените критериуми за тоа. Во однос на Црна Гора, според неа, има нов моментум со нова Влада која се враќа на европскиот пат, додека за Србија и Косово останува да ја покажат нивната посветеност на дијалогот и имплементација на досега договореното.

Сепак, според Фон дер Лајен, проширувањето е само едниот дел од напорите на ЕУ, а другиот дел се однесува на поддршка на економиите на земјите од Западниот Балкан, кои се на ниво од 35 проценти од просекот на Унијата и токму за нивното зајакнување Европската комисија го промовираше Планот за раст.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе го претстави денеска официјалниот предлог за план за европско економско закрепнување од последиците на пандемијата со новиот ко

– Планот за раст има потенцијал да доведе до двојно зголемување на економиите во регионот за една деценија, потенцира Фон дер Лајен.

Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел порача дека живееме во тешко, предизвикувачко и опасно опкружување кое влијае врз  ЕУ, врз нејзиното соседство и врз Западниот Балкан, па затоа процесот на проширување мора да се забрза.

– Тоа е нашата најважна безбедносна гаранција и нашиот најважен начин да станеме партнери, истакна Борел.

Тој најави дека еден од резултатите на Самит ЕУ-Западен Балкан ќе биде најавата дека ќе ЕУ ќе обезбеди дополнителни речиси два милиони евра со цел да ја зајакне отпорноста на Северна Македонија, Албанија и Црна Гора.

– Во текот на оваа година многу патував во регионот. Го одржавме Советот за асоцијација во Албанија и Северна Македонија. И ние мора да продолжиме да се ангажираме повеќе со нив, особено на зголемување на отпорноста на кибер напади и новите форми на војување, рече Борел.

Секоја провокација или агресија против Украина би имала сериозни последици, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, во пораката испратена д

Според него, од надворешнополитички аспект ЕУ мора да ги поддржи оние земји од Западниот Балкан кои се поусогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика, бидејќи од тоа зависи нивната отпорност на безбедносните предизвици.

– Работите се движат – полека, но се движат. И ние мораме да ги туркаме да продолжат по овој пат, бидејќи тоа е единствениот начин тие да имаат јасна европска перспектива, порача Борел.

Во Завршната декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан се посочува дека проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот.

– ЕУ ја поздравува решеноста на партнерите од Западен Балкан да ги почитуваат и да се заложат за основните европски вредности и принципи. ЕУ, исто така, ја поздравува повторената посветеност на партнерите од Западен Балкан за приматот на демократијата, основните права и вредности и владеењето на правото, се додава во декларацијата, при што се нагласува потребата од одржливи и неповратни реформски достигнувања за владеењето на правото, функционирањето на демократските институции, економијата и реформите на јавната администрација.

Хрватското претседателство на Советот на Европската унија донесе одлука да ги одложи сите неформални состаноци и конференции до 15 мај, но и Самитот ЕУ-Западен Балкан, за да се ограничи ширењ

ЕУ ги повикува земјите од регионот да постигнат брз и одржлив напредок кон целосно усогласување со нејзината заедничката надворешна и безбедносна политика.

– Ги пофалуваме оние партнери од Западен Балкан кои веќе ја демонстрираат својата стратешка определба со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и ги охрабруваме оние кои сè уште не го сториле тоа да го следат примерот. Го охрабруваме и подобрувањето на спроведувањето на рестриктивните мерки и спречувањето на нивно заобиколување, се додава во Декларацијата.

Натаму во документот се потенцира дека ЕУ останува најблискиот партнер на регионот, главен инвеститор и трговски партнер и главен донатор, при што се додава дека таа поддршка треба да биде повидлива за да можат граѓаните да ги ценат конкретните придобивки од партнерството со ЕУ.

Интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ е стратегиска цел не само за нив туку и за целата Унија, што се гледа и сега во контекст на конфликтот межу Русија и Украина. Нему треба да

– ЕУ ја нагласува потребата за посветеност на партнерите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите-членки на ЕУ. Во овој контекст, ЕУ ја нагласува важноста од постигнување дефинитивни и трајни решенија за билатералните спорови и прашања на партнерите вкоренети во наследството од минатото. ЕУ исто така ги повикува партнерите да ги гарантираат правата и еднаков третман на лицата кои припаѓаат на малцинствата, се наведува во Декларацијата.

Во документот се истакнува и посветеноста на доближување на земјите од регионот до ЕУ и унапредување на  нивната постепена интеграција, подготвувајќи го теренот за пристапување и донесувајќи конкретни придобивки за нивните граѓани веќе за време на процесот на проширување.

– Во овој контекст, ЕУ ги зема предвид предлозите дадени од Комисијата во Планот за раст за Западен Балкан, кои треба да овозможат социо-економска конвергенција, исто така, преку забрзување на неопходните реформи, привлекување странски инвестиции и унапредување на регионалната економска интеграција преку заедничкиот регионален пазар, врз основа на правилата и стандардите на ЕУ. ЕУ е подготвена да ги испита предлозите дадени во Планот за раст за зајакнување на економската интеграција на Западен Балкан со ЕУ, се додава во Декларацијата.

Фото: МИА Архива

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ