• Latest

ЕУ повикува на брза истрага за изборните нерегуларности во Грузија

October 29, 2024
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Кошта до Вашингтон: Сојузници не се закануваат дека ќе се мешаат во демократијата на своите партнери

December 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025: (Не)научени лекции – Формален ритуал наместо вистински демократски процес

December 8, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Молкот на граѓаните ја легитимира корупцијата

December 8, 2025
фото: ВИ

„Младите бегаат, мигранти доаѓаат“: СДСМ го обвинува Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Милошоски демантира – „тоа се спинови“

December 8, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Арно што Трамп не беше претседател на САД во 1941 година

December 8, 2025
Фото: Фејсбук на Ивица Томовски, директор на СОЗР

СДСМ бара истрага за Томовски: Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата

December 8, 2025

(ИНФОГРАФИК) Хибридниот арсенал на Русија: Како Москва напаѓа без да објави војна

December 8, 2025
Џабир Дерала, ЦИВИЛ (Фото: Г. Н. / ЦИВИЛ)

Дерала: „Хоризонти на слободата“ ги обединува демократските гласови од Европа, САД и регионот

December 8, 2025
Скриншот од видео на
APT

Рускиот Африкански корпус, замената за Вагнер во Мали, врши воени злосторства, вклучувајќи силувања и обезглавувања

December 7, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ не се извинува на Томовски, бара од  Обвинителството и ДКСК да покренат истрага – директорот на владината СОЗР најавува тужба

December 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕУ повикува на брза истрага за изборните нерегуларности во Грузија

October 29, 2024 16:00
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија ги повика грузиските власти „брзо, транспарентно и независно“ да ги истражат пријавените нерегуларности на парламентарните избори во саботата. Внимателно следеното гласање покажа дека владеачката партија, Грузиски сон, освои мнозинство места со 54% од сите гласови, со неколку опозициски партии што ја следеа од далеку.

Заедничка набљудувачка мисија предводена од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изјави дека изборите биле „добро организирани и уредни“, но дека констатирале „тензична средина“ и „широко распространете извештаи за притисок врз гласачите“, вклучително и случаи на заплашување, принуда и купување гласови што ја „компромитирале“ тајноста на гласањето.

„Тие нерегуларности мора да бидат разјаснети и решени. Тоа е неопходен чекор кон повторно градење на доверба во изборните процеси“, се вели во заедничката изјава на Европската комисија и Високиот претставник Жозеп Борел, истакнувајќи ја потребата од „конструктивен и инклузивен дијалог низ политичкиот спектрум“.

Премиерот Иракли Кобахидзе се обиде да ги минимизира обвинувањата, велејќи за Би-Би-Си дека изборите биле „во согласност со правните принципи“ и дека „нерегуларности се случуваат насекаде, во секоја земја“. За разлика од тоа, претседателката Саломе Зурабишвили, обвини за „тотално фалсификување“ на гласовите под руско влијание и ги повика граѓаните на протест.

Односите ЕУ-Грузија сериозно се влошија за време на владеењето на Кобахидзе, попречувајќи ги долгогодишните аспирации на земјата да се приклучи на блокот.

Брисел ја осуди „Грузиски сон“ за воведување законодавство што ја ослабнува демократијата на земјата и го имитира рускиот авторитаризам. Високо контроверзниот закон што создава јавен регистар на медиуми и НВО финансирани од странство ги поттикна лидерите на ЕУ да го замрзнат пристапниот процес на Грузија. Заканата на владеачката партија дека ќе ги забрани нејзините главни противници и новиот предлог-закон за ограничување на правата на ЛГБТ лицата предизвика понатамошни критики.

„ЕУ ја повикува Грузија да усвои демократски, сеопфатни и одржливи реформи, во согласност со основните начела на европската интеграција“, се вели во заеедничката изјава.

„Во овој контекст, ЕУ потсетува дека секое законодавство што ги поткопува фундаменталните права и слободи на грузиските граѓани и е спротивно на вредностите и принципите врз основа на кои е основана ЕУ мора да бидат укинати“.

Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, употреби сличен јазик за да ги повика грузиските власти „сериозно“ да ги решат нерегуларностите. Мишел рече дека лидерите на ЕУ ќе „ги постават следните чекори во нашите односи со Грузија“ кога ќе се сретнат следната недела во Будимпешта и ќе ги дискутираат најновите случувања.

Сепак, не е јасно дали 27-те шефови на држави и влади ќе успеат да се обединат и да изградат обединет фронт.

Кодомаќинот на самитот, премиерот Виктор Орбан, беше првиот што им честиташе на Кобахидзе и на Грузискиот сон за нивната „огромна победа“. Набрзо потоа, канцеларијата на Орбан објави дека тој ќе отпатува за Грузија за да се сретне со премиерот.

Диплматите во Брисел станаа огорчени од безгрижната дипломатија на Орбан, што предизвика бојкот против претседателството на земјата. Сепак, сите лидери, вклучително и Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен, се очекува да присуствуваат на самитот во Будимпешта.

Патувањето на Орбан во Тбилиси „се одвива исклучиво во рамите на билатералните односи меѓу Унгарија и Грузија“ изјави портпоралот на Европската комисија во понеделникот. „Премиерот Орбан нема добиено никаков мандат од Советот на ЕУ да го посети Тбилиси“.

извор: Еуро Њус

Превод: Н. Цветковска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Скопје вози во хаос; десничарската AfD исклучи член поради имитирање на Хитлер; Пендаровски ексклузивно за ЦИВИЛ: Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Безбедноста мора да ѝ служи на слободата – а не да ја замени!

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Кога вистината е непријатна: Што навистина изјави Пендаровски, а што му припиша владејачката ВМРО-ДПМНЕ

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кривична за Костадинов за набавка на електрични автобуси, екс-градоначалникот на Струмица ги отфрла сите сомнежи

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ