• Latest

Еврокомесарката Кос повтори: Северна Македонија треба да го промени Уставот за да напредува во пристапувањето кон ЕУ

January 15, 2025

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ПРОЦЕСИ

Еврокомесарката Кос повтори: Северна Македонија треба да го промени Уставот за да напредува во пристапувањето кон ЕУ

January 15, 2025 08:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРОЦЕСИ
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, уште еднаш порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на вчерашната дебата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).

– Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската за промена на Уставот и тогаш, сигурна сум, дека штом ќе почнеме да се движиме со Северна Македонија, исто така, и со поддршка на Бугарија ќе можеме продолжиме на тој пат, изјави Кос во одговор на прашање на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на дебатата, пренесува МИА.

Таа ја нагласи сложеноста на процесот на проширување, потенцирајќи дека се потребни 150 одлуки со консензус на членките на ЕУ за започнување и завршување на преговарачкиот процес на само една земја кандидат, но дека треба да се направи се за да се избегне билатералните прашања да влијаат на преговорите.

– Но, тоа веќе се случува и ќе се случува во иднина, па задача на сите нас е да ги решаваме кога ќе се појават, истакна Кос, додавајќи дека оние земји кандидати за членство што ги спроведуваат потребните реформи треба и да има придобивки од нивните напори.

Таа потенцира на проширувањето денес е поинакво отколку што беше пред пет години и постои огромна можност работите во овој процесот да се придвижат напред.

– Првпат по десет години постои реална перспектива дека во текот на овој мандат (на институциите на ЕУ) можеме да донесеме една, две или три земји до целта, рече Кос.

Таа изрази надеж дека за време на актуелното полско претседавање со Советот на ЕУ, ќе бидат  отворени еден или два кластери со Украина и Молдавија, како и дека ќе се постигне напредок во преговорите по неколку поглавја и кластери со земјите од Западниот Балкан.

– Доколку земјите кандидати се држат до реформите за напредок, за време на полското претседателство можеме да видиме поголем напредок отколку во последните десет години, нагласи Кос.

Еврокомесарката потенцира дека и покрај руската агресија врз Украина која донесе нова динамика во проширувањето, сепак тој процес и натаму останува заснован на заслуги.

– Нема да има геополитичко попуштање, проширувањето останува процес заснован на заслуги, нагласи Кос, додавајќи дека владеењето на правото и почитувањето на основните вредности се и ќе останат камен темелник на политиката на проширување.

Според Кос, проширувањето е проект на целото општество, а не само на парламентите и владите на земјите кандидати за членство.

Осврнувајќи се на амбициите на земјите од Западниот Балкан за членство на ЕУ, еврокомесарката за проширување најави дека неделава ќе ја посети Црна Гора, а во текот на февруари и Албанија.

– Го започнавме мандатот со отворање на еден кластер со Албанија и со затворање на три поглавја со Црна Гора… Ќе одам во Црна Гора оваа недела да го прославам нивното достигнување и да поттикнам понатамошен напредок за време на полското претседателство, нагласи таа.

Според Кос, целите поставени од Црна Гора и од Албанија за затворање на сите поглавја во преговарачкиот процесот со ЕУ до крајот на 2026, односно 2027 година, се „многу амбициозни“, но не се и неостварливи.

Што се однесува до Србија, според Кос, таа мора да исполни одредени критериуми за отворање на преговорите по Кластерот 3, нагласувајќи дека сега ЕУ чека Белград да ги испорача реформите што ги вети.

Таа најави и иницијатива за организирање фудбалски, кошаркарски и ракометни натпревари меѓу тимови на земјите кандидати за членство и државите членки на ЕУ, со што би се дал нов поттик на проширувањето, надвор од преговорите по поглавја и кластери и спроведувањето на реформите.

– Гледаме свет каде големината и моќта се користат како уцена и свет во кој многумина би сакале да видат дека Европа пропаѓа и каде што се вложуваат значителни извори за да се постигне тоа. Ситуацијата во Грузија и енергетската уцена во Молдавија се силен потсетник на предизвиците со кои се соочуваме… Мирот, слободата и просперитетот на нашиот континент зависат од силата на единството и големината на ЕУ, додаде Кос.

Tags: еврокомесарка за проширувањеЕУМарта Кос
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ