Европската комесарка за проширување Марта Кос преку објава на социјалната мрежа Х упати честитка до македонските граѓани по повод Денот на независноста.
Congratulations to the people of 🇲🇰 North Macedonia on their Independence Day!
I strongly support your path towards joining our 🇪🇺 Union.
We’re with you every step of the way. 🤝 pic.twitter.com/j5VarCaM7k
— Marta Kos (@MartaKosEU) September 8, 2025
Честитки до народот на Северна Македонија за нивниот Ден на независноста! Цврсто го поддржувам вашиот пат кон приклучување кон нашата Унија. Со вас сме на секој чекор од патот, наведе Кос во честитката.
Еврокомесарката Кос при средбата минатиот месец со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски порача дека е важно да се испорачаат преостанатите обврски и земјата да продолжи напред во процесот на пристапување во Европската Унија.
Претходно, честитки по повод Денот на независноста упати и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, посочувајќи дека ЕУ останува посветена на европскиот пат на земјата.
М. Д.