• Latest
Фото: МИА

Еврокомесарот Ленарчич во посета на Ерменија

October 6, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Еврокомесарот Ленарчич во посета на Ерменија

October 6, 2023 08:58
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич денеска ќе престојува во Ерменија со цел да ја процени ситуацијата по напливот на бегалци од Нагорно-Карабах во земјата и да разговара со претставниците на ерменските власти за понатамошна поддршка од ЕУ, пред се преку Механизмот за цивилна заштита.

Посетата на Ленарчич на Ереван доаѓа по вчерашната најава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен дека ЕУ ќе ја удвои својата хуманитарна помош за Ерменија со дополнителни 5,25 милиони евра, на претходно веќе одвоените 5,2 милиони евра.

– Ја удвојуваме нашата хуманитарна поддршка за да им олесниме на 100.000 раселени Ерменци од Карабах. Ние насочуваме поголема буџетска поддршка кон ерменската држава. ЕУ останува целосно посветена на поддршка на преговорите со Азербејџан и олеснување на дијалогот, додаде Фон дер Лајен.

Според најавите, Еврокомисијата ќе додели и дополнителни 800.000 евра итна помош преку програмата „ЕУ за Мир“ наменети за градење доверба и поддршка на медиуми кои известуваат избалансирано и ќе разговара со ерменските власти за итно обезбедување техничка помош за воздушна и нуклеарната безбедност.

– Комисијата ќе мобилизира финансирање во рамките на годишните програми за Ерменија со цел да одвои 15 милиони евра, кои може да се искористат како буџетска поддршка за државата за решавање на социо-економските потреби и за купување храна и гориво, се додава во соопштението на ЕК.

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, преку Економскиот и инвестицискиот план, ЕК ќе работи на понатамошна помош за обнова на инфраструктурата, за социјална заштита и за изнаоѓање решенија за обезбедување одржлива енергија во Ерменија, а исто така ќе го поддржи учеството на земјата во регионални проекти, како оној за поставување електричен кабел во Црното Море, во кои се вклучени и Азербејџан, Грузија, Романија и Унгарија.

Паралелно со најавената поддршка за Ереван, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вчера соопшти дека ги поканил претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан на средба во Брисел кон крајот од месецот посветена на нормализација на меѓусебните односи по азербејџанската воена операција во Нагорно-Карабах.

Претходно беше најавено дека е можно Алиев и Пашинјан да се сретнат во Гренада на маргините на Самитот на Европската политичка заедница, но азербејџанскиот претседател не допатува на собирот.

Најавата за Мишел дојде откако советникот Алиев, Хикмет Хаџијев на платформата X објави дека Азербејџан е подготвен за разговори со Ерменија со посредство на Европска Унија.

– Азербејџан е подготвен наскоро да учествува на трипартитните состаноци меѓу ЕУ, Азербејџан и Ерменија во Брисел, наведе Хаџијев во објавата.

Tags: ЕрменијаЛенарчич
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ