Добредојдовте во Европа, месечен весник посветен на европските вредности и човековите права. Во овој весник редовно ќе се објавуваат теми и текстови поврзани со интеграциските процеси на Република Северна Македонија, за европските вредности и човековите права, како и за активностите на Организацијата во овие области.
Весникот произлегува од проектот „Европа е наш дом“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Во првиот број објавуваме содржини што се однесуваат на проектот, како и неколку најчитани и највлијателни содржини поврзани со темите на проектот, објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ во февруари, 2020 г. Европа излегува еднаш месечно во печатена и електронска форма.
„Европа е наш дом“ е проект на ЦИВИЛ што ќе трае 12 месеци, до 31 јануари 2021 година. Во овој проект, составен од низа комплементарни компоненти, ЦИВИЛ ќе спроведува мониторинг, застапување и јакнење на јавната свест во повеќе области.
Проектот ќе опфати изборен мониторинг и учество во изборните реформи, како и мониторинг на најважните настани и процеси во земјата. Како што се вели и во самиот назив на проектот, една од главните определби на проектот е да се придонесе кон процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европска Унија. Понатаму, ЦИВИЛ ќе даде свој придонес и кон политичкиот дијалог, ќе покрене или ќе поддржи легислативни и граѓански иницијативи. Со овој проект се промовираат европските вредности, човековите права и слободи.
На различни начини, предвидени со проектната методологија, ЦИВИЛ ќе даде силен и видлив придонес и кон борбата против корупцијата, преку јакнење на јавната свест и соработката со релевантните институции во земјата.
Важна компонента на овој проект е и борбата против хибридните напади врз демократијата. ЦИВИЛ со години е една од водечките организации кои даваат свој придонес кон борбата против лажните вести, дезинформациите, говорот на омразата и другите облици на хибридни напади врз демократијата. Со овој проект, таа борба значително ќе се засили.
„Европа“ можете да го најдете во електронска форма на следниве линкови: