• Latest

„Фајненшл тајмс“: Балканската тројка промовира „мини-Шенген“ сооочена со одложувањето на членството во ЕУ

July 29, 2021

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Фајненшл тајмс“: Балканската тројка промовира „мини-Шенген“ сооочена со одложувањето на членството во ЕУ

July 29, 2021 11:59
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија, Албанија и Србија ќе промовираат сопствена зона за слободно движење и бизнис, соочени со одложување на членството во ЕУ, оценува лондонски „Фајненшал тајмс“ во анализата посветена на денешниот Економски форум во Скопје.

– Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија го критикуваат Брисел поради бавното темпо на проширување на ЕУ, најавувајќи дека ќе формираат своја сопствена зона за слободно движење и бизнис, додека чекаат прием во блокот, наведува весникот.

„Фајненшал тајмс“ пренесува изјава на премиерот Зоран Заев кој посочува дека „треба да видиме што можеме да направиме самите за себе, што можеме да направиме за нашите луѓе и како можеме да ги прошириме нашите пазари“.

– Треба да ги забрзаме практичните придобивки за нашите граѓани, вели Заев во изјавата што ја пренесува лондонскиот весник, притоа нагласувајќи го неговиот став дека земјите во регионот се фрустрирани затоа што ЕУ не ги исполнува своите ветувања.

Весникот пренесува и изјава на српскиот претседател Алекснадар Вучиќ дека земјите ви региот се свесви оти „има замор од проширувањето во ЕУ“, како и ставот на албанкиот премер Еди Рама, кој однесувањето на Брисел „го спореди со егзистенцијалистичката драма на Семјуел Бекет „Чекајќи го Годо“, во која двајца мажи водат серија често апсурдни разговори, додека го очекуваат доаѓањето на некој што никогаш не доаѓа“.

– Балканскиот „мини-Шенген“ по примерот на договорот за слободно движење во ЕУ, официјално ќе биде претставена денеска. Тој ќе вклучува постепено олеснување на ограничувањата за преминување и побрзи „зелени ленти“ на границите, намалено време на чекање за превозниците и полесен пристап до работни дозволи, наведува весникот, посочувајќи дека се очекува ваквиот договор да се имплементира до крајот на годината и дека тој останува отворен кон него да се приклучат и Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и Косово.

„Фајненшал Тајмс“ потенцира дека регионот се соочи со етнички и верски конфликти и економски кризи по распадот на поранешна Југославија во 1991 година, притоа пренесувајќи изјава на Вучиќ дека Западниот Балкан „повеќе не може да чека ЕУ да го обедини“ и „кога луѓето ќе имаат поголеми плати, ќе размислуваат за подобар живот, а не за сенките од минатото“.

– Овие земји постигнаа значителен напредок во проближувањето кон ЕУ, како што се изборни, судски и економски реформи, но имаат чувство дека официјалниот (евроинтерграциски) пат стана премногу тежок. Целта на „Мини-шенген“ зоната е да се промени наративот во регионот – внатрешно да се намалат етничките тензии, а надворешно да се апелира за членство во ЕУ и повеќе инвестиции, вели Вучиќ.
„Фајненшал Тајмс“ потсетува дека земјава го промени името поради спорот со Грција, по што набрзо стана членка на НАТО и дека сега чека страт на преговарите за членство во ЕУ.

Весникот ја пренесува изјавата на премиерот Заев дека конечна цел на земјава е да стане членка на ЕУ, но дека додека чекаме Унијата да донесе одлука за старт на преговорите „треба да најдеме начини како да продолжи процесот на европеизација“.

Лондонското издание наведува дека Европската комисија, која го води процесот за оценка на напредокот на патот кон членство во ЕУ, соопшти дека ги поддржува напорите на сите шест држави од Западниот Балкан за интегрирање во заеднички регионален пазар, по примерот на единствениот пазар на ЕУ и импементирање на правилата и стандардите на блокот, но дека нема промена во крајната цел – зачленувањето во Унијата.

„Фајненшал Тајмс“ наведува и дека Албанија и Северна Македонија требаше да ги започнат преговорите за членство во ЕУ уште минатата година, но дека Бугарија се уште го блокира тој процес.

– Дури и да ги започнат преговорите, тие се свесни дека политичкото расположение за проширувањето на ЕУ е на многу ниско ниво во блокот, особено во услови кога германската канцеларка Ангела Меркел, која е поддржувач на балканската интеграција, се повлекува од функцијата по изборите во септември. Тројца балкански лидери истакнуваат дека додека чекаат на ЕУ, добиле целосна поддршка од САД за нивните напори, наведува весникот, притоа пренесувајќи ја изјавата на албанскиот премиер Рама дека денешниот Балкан е „најсјајниот, ако не и единствениот сјаен, пример за американската надворешна политика“, бидејќи „слободите што ги уживаме денес на Балканот“ се пред се заслуга на САД.

„Фајненшал Тајмс“ ги пренесува и предупредувањата на аналитичарите дека во услови кога Северна Македонија е со статусот кандидат за членство во ЕУ 18 години, Србија – девет, а Албанија – седум и како одминува времето, може да се зголеми „привлченоста кон други потенцијални партнери“.

– Покрај Кина и Русија, во регионот, исто така, се активни и Турција и Обединетите Арапски Емирати. Ова треба да ја освести ЕУ дека им остава простор за навлегување на овие земји и да ги преиспита своите постапки, вели соработникот на Институтот за хуманистички науки во Виена, Иван Вејвода.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ