Фалсификуван допис циркулира на мејл адреси на граѓани кои се повикани на разговор во полиција.
Оваа информација ја сподели Магдалена Несторовска, државен секретар на МВР.
https://www.facebook.com/magdalena.nestorovska.7/posts/10216540940611462
„Комплименти, Се надеваме дека сте здрави и практикувате социјално дистанцирање. Со ова известување вие сте поканети во полицијата на Северна Македонија во врска со тековна истрага“, стои во мејлот со фалсификуван потпис од Несторовска.
Понатаму во дописот испраќачот сугерира да се разгледаат приложените документи и доколку е потребно граѓаните да се консултираат со својот адвокат.
„Ве известувам дека преку електронската пошта циркулира, фалсификуван допис. Истиот не е ниту испратен, ниту потпишан од мене, како Државен секретар на МВР. Се работи за груб фалсифкат со цел да предизвика вознемиреност кај граѓаните!“, пишува Несторовска во својата реакција.